Време е за аперитив.  Освежете се со коктелот со потекло од Падова. Потребни ви се: шампањ, ликер Aperol, сода вода и парчиња портокал. Во чаша со коцки мраз ставете околу две петтини Aperol, потоа додадете три петтини од шампањот и една шприц сода. Следува по една кришка портокал и измешајте. Рецептот за „Аперол Шприц“ веќе не е тајна и заслужува да биде споделен со сите љубители на добриот вкус кај нас.

А покрај него, уште повеќе, стилот на овој извонреден пар.  Едно свежо откритие на двајца посветени и „уиграни“ архитекти кои сведочат за складност и префинетост во секој поглед – време е да ви ги претставам:  Пако и Маја.

Тие ги имаат сите состојки за маестрално мешање на автентичен италијански стил, гламур, елеганција, но и практичност и удобност. А пак најдобриот дел од нивниот свет е фактот дека движечката сила зад нивната филозофија на дизајн е великодушност – тие го прават она што го прават затоа што сакаат луѓето да уживаат во прекрасен простор  и да создадат спомени.

Ми останаа врежани неколкуте неверојатни катчиња во нивниот дом, стилот и убавата енергија. „Ѕиркаа“ оригинални фигури, насекаде имаше вешто ускладени бои и текстури. Се чувствував како времето минато со нив да беше момент во кој ќе седнете на мека, кожна фотеља, безгрижно ќе се навалите и – ќе уживате. Едно по друго, се редеа муабети за рачно изработените палта на Пако (секој детаљ е важен!) скоцкани со, би ги нарекол, „коска“ чевли и серијал од масивни машни во јарки бои и шаренило. За да споите вакви варијанти ви треба тој посебен сенс и внимание да не се отиде предалеку. Пако тоа вешто го „носи“ на себе. А потоа, одеднаш, пред нас се најде кутија со „евергрин“  silver bullet најки, драго парче за кое тој морал молскавично да делува пред да го снема во рок од пет минути на онлајн продажба. Дами, а плакарот на Маја е „dream come true“. Таа има колекција на толку добри, елегантни, гламурозни фустани што ќе посакате уште следниот ден да организирате коктел, гала-забава на некој покрив со поглед, среде лето кога ве пирка ветре и ви го лелеави избраниот фустан за таа вечер, а музиката го следи овој „mood“ (хм, тоа всушност е добра идеја!). Накит со карактер, чевли кои оние со изострено стилско око не би ги пропуштиле.

Постои неспоредлива возбуда во потрага по неверојатен стил!

Следно за вас – кликнете на галеријата подолу за да ja посведочите естетската оаза, секако, додека го допивате вашиот „Аперол Шрицер“. Divertiti! ;)

Spread the love
  • 2
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply