Чокер од бисери, фустан од шљокици без прерамки и тело покриено со тетоважи. Над вратот таа е идеална Викторијанка, но остатокот од неа може комотно да се смести во 21 век. Запознајте ја Мод Вагнер, првата жена тату артист во САД. Еве ја, на сликата од 1907 година, со тетоважи, дело на нејзиниот маж, со мотиви произлезени од далечните земји кои ги посетил кога работел како поморски трговец. За Вагнерови, тетовирањето било семејна работа и заедно тие отвориле пат за несекојдневна уметничка форма која еден ден ќе стане дел од американската мејнстрим култура.

Мод Вагнер (горната слика) фотографирана како тетовира пар заедно со сопругот Гас; а долу лево © South Street Seaport Museum

Мод била родена во Канзас во 1877 година, но пред да стане махер за тетовирање, ја започнала кариерата како акробат за циркус кој патувал низ САД. Во тој период  ја запознала љубовта на нејзиниот живот и дошла во допир со тетовирањето.

Тој бил Гас Вагнер, и самиот од западниот дел на Америка кој пловел околу светот во доцните 80ти и се вратил дома со околу 300 тетоважи на него. Тврдел дека ја научил техниката од племиња на Јава и Борнео.

Гас ја тетовира Мод, рани 1900ти.

Вагнер ја запознал Мод на Светскиот саем во Сент Луис во 1904 година каде што таа работела како циркуски акробат. Во тоа време, Гас исто така патувал со циркуси и имал споредни точки, стекнал неверојатна публика со неговата комплексна и екстремна работа со боење. Гас и понудил на Мод час по тетовирање за возврат на состанок. Таа се согласила и останатото е историја.

Вагнерови со ќерката единка, Лотива

По неколку години, тие се венчале и добиле ќерка, Лотива, која ги следела стапките на своите родители и станала тату артист, уште на 9 годишна возраст.

Гас дошол во допир со тетоважите на 12 години кога за прв пат ги видел на циркузант познат како „Капетан Константиниус, грчкиот Албанец“. Бил воодушевен од човекот кој бил истетовиран по целото тело и кој тврдел дека бил киднапиран од кинески тирани кои го истетовирале против негова волја.

Албум со скици на Гас © South Street Seaport Museum

Сепак, дури после неколку години, откако патувал како поморски трговец, Гас го научил занаетот од мештани на Јава и Борнео со употреба на рачно изработени алатки. Кога се вратил, тој бил спремен да го остави својот печат на американската тату култура која била во експанзија.

Една од првите тетоважи на Мод, направени од нејзиниот маж, Гас

Како ученик на својот сопруг, Мод ја научила традиционалната вештина на рачно тетовирање со длето и долг стап. Преферирала да ја употребува старомодната техника наместо новата со машинки кои станале достапни, така и самата таа станала истакната тату артистка.

Скици на Гас Вагнер © South Street Seaport Museum

Повеќето, ако не и сите нејзини тетоважи, биле направени од маж и; диви и митски животни од далечните земји, егзотични растенија, жени домородци и зборови вклучувајќи го и нејзиното име на левата рака.

Мажи истетовирани од Гас Вагнер © South Street Seaport Museum

На Вагнерови им се припишува ширењето на вештината на тетовирањето низ Америка во раните 1900ти. Тие биле исто така меѓу двата последни тату артисти кои работеле исклучиво со рачно боцкање по кожата без модерна технологија и со тоа нивните дела биле подетални и со поголема заслуга. Иако нема зачуван документ од делата на Мод, се вели дека нејзиниот стил бил еднакво добар како тој на Гас.

Реклама за Мод и Гас Вагнер како циркуски атракции

Пред Мод да стапи на сцената, Америка не сведочела за жена во занаетот во кој доминантни биле мажите. Само за две бели жени пред неа јавно се знаело дека имаат тетоважи. И двете тврделе дека се истетовирале во услови кои биле надвор од нивна контрола.

На овие неколку фотографии, можете да ги препознаете слободниот дух и бунтовноста на Мод Вагнер, а и дозата на мистерија. Во време кога тетоважите биле сметани за дивјачка и ужасна форма на уметност, таа ги прифатила, ги скршила бариерите и го отворила патот за идните вљубеници во истите.

Лотива Вагнер-Дејвис со портрет од нејзината мајка, Мод Вагнер, Тексас, 1993

Штом Вагнерови одлучиле да ги привршат своите кариери како членови на циркус, парот продолжил да патува низ САД, двајцата работејќи како тату артисти во водвиљ театри или локални саеми и простории со автомати за игра. Во почетокот на 1961 година Мод починала во Оклахома. Нејзината ќерка Лотива станала легендарен тату мајстор по сопствени заслуги иако таа самата немала ниту една тетоважа.

Мод и Гас Вагнер во раните 1900ти

Кога таа се родила, Мод му забранила на сопругот да ја тетовира ќерка им. Кога татко и починал во 1941 година, Лотива донела одлука дека ако не може да биде истетовирана од својот татко, нема да биде воопшто. Можеби за Мод сè се вртело околу изборот и моќта над сопственото тело. Можеби истото го сакала и за својата ќерка. Ах, прашањата кои би ги поставиле на Мод на вечера од соништата.

Spread the love
  • 3
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply