Будност во октомври мегу твоите трепки и твоите зеници од сончогледи,  

низ моите стапала, по твоите широќи полиња, со копнежи нови утра…

Ти шепкав сешто во утра небаре утрото нема краеви,

 и те сокривав така себично и необично во топли изгрејсонца…

Во раскош ти се насмевнував барајќи детски години низ твоите минувања,  

И повторно, повторно те замислував во будност.

Ти зачував подарок од свиленост во дланки а во нив, танц од балетски утра,

ти зборував безгрижно и гласно во есенски ветрови од преполни желби…

Ти замолкнував стуткана во тишини и мириси од портокали зад твоите плешки,   

ти расклопував виножита на платно и те раскажував и прераскажував во секое утро,

и повторно, те замислував во будност.

Те здогледував низ полиња без компас од неуморни зраци,

те преименував во далечини од везови на недостиг со жолтеникави бои…

Низ нетрпеливост те дочекував од првите возови со куфер преполни утра,

ти затајував неописност за јатото од птици во првите будења,  

И повторно те замислував во будност.

Spread the love
  • 19
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply