Настанот за мојата природа не беше баш пријатен, а земав учество. Тотално бесполезен, всушност натпревар еден беше, не победив. Нешто друго ми го одвлекуваше вниманието во жижата на збиднувањата, се присеќам, беa неколку безопасни во уво. Машко уво. И крилја на стапалата. Не беше Хермес во прашање, гласникот, богот на веста, иако финалето се состоеше од една единствена вест, соопштение. Лимитирана едиција на Адидас беше тоа. Набљудував, божем неприметно…ама морав да погледнам одблизу. Му пружив рака, ми се претстави. „Што значи тоа?!“ праша љубопитството мое, ќе беше сечие, неизбежно на таа лична именка…„Потекнувам од уметничка фамилија, баба ми и дедо ми беа уметници, мајка ми е професор, моден дизајнер, костимограф. Сакам да ја спојам креативноста со маркетинг, тоа и работам…“, – понекогаш црта, го „влече“ филозофија, прилично добро свири гитара и…дефинитивно нема да го утнете! Затоа што понекогаш носи распар патики! Црвена со сина во пар, веројатно тогаш кога не ги носи „крилјата“ на себе…

Ретка појава е, најчесто ја доживуваш несвесно, повеќе или помалку. Флешеви се, траат пар секунди, помешани со „дежаву“. Ако си надарен, знаат и да потраат, состојба е, дури екстатична. Ти требаат „капацитети“ за неа, сетилата начулени дури и шестото…сензација е, позната како „Синестезија“. Сплет, креативен и жив… Не си доволно вешт?! – Мутира пред тебе, ти излизгува од прсти! – се грабаш по едно нешто од него, по секое нешто… е таа, таа една нијанса, таман мислиш си ја зграбил се трансформира во друга! Не! Ја снемува! Џапаш, бааарем еден тон, не! Ги сакаш сите наеднаш, се грабаш во воздух, во празно… џабе! Контури се дуплираат, звуци се мешаат, за миг сето се создава и во истиот сево исчезнува! Слично на „психичката“ состојба на Дамбо од Дизни, после коритото вино!

Луѓето кои ги доживуваш така, да речам „синестетично“,е исто толку ретка појава. Имено и твојот ум произведува извесна синестичност поради таа друга личност која во моментот генерира синестезија. Со тоа што твојата е најчесто само призрак, огледално пресликување од оригиналот. Едно е сигурно: ја доживуваш личноста како живописен „генератор“ на рој бои и звуци.

Кажав, има „крилја“. Тој „лета“ и ти… -Еурека! – Синестезија! (квази) дупла! Сè во едно, доживуваш бои, слушаш звуци… гледаш како вкрстено, дијаметрално, необјасниво, Грабул „граба“ малку „форма“, малку филозофија, малку акорди, малку тонови, те од оваа, те од онаа боја, те од оваа те од онаа музика… Темпирана креативна бомба, ќе експлодира, кулминира, му бега од контрола…иии се манифестира кај него со две различни патики на нозете! – Хаха, само ти мисли си така… тој веќе те има „смислено“ тебе, те лансирал во сите насоки, мења брзини, те прочитал… и вешто го искалемил сето погоре во хомогена смеса. Ред генетика, ред харизма, интелектуално и духовито, интуитивно но со таква леснотија, во синхронизиран интердисциплинарен сплет!

Стоп! Стој. Олабави и поедностави!

– „Грабул, дај ми барем една „твоја“ боја, една.“

– „Розева… Скоро цел сум ‘розев’ упм!“

Циклама розева, да појаснам…поточно, си појаснив: абе, бојава некако „разбива“! Интензивна е, динамична, енергична, игрива, смела, „мами“ око, провокативна е…добро, зошто побога сината е официјална боја за машко?! – Стереотипи…Повторно истото: синестезијата горе, пресликана во една единствена боја.

Јасно и гласно е, самиот тој однадвор е луциден но меродавен естетски „омот“ за виугите и континуираната синестетичност внатре. Не би ни можело поинаку.

Затоа понекогаш, само понекогаш, Грабул(оски) носи „нашкртани“ патики. Сам, си ги „шкрта“…И неочекувано, нечујно за стандардите, смело носи распар патики, бела со црна во пар или црвена со зелена! Веројатно тогаш кога работите му „бегаат“ од контрола…или, кога не ги носи „крилјата“ на себе.

– „Сатја“, се претстави тој. „На Санскрит, најстариот јазик на светот, ‘Сатја’ значи ‘Вистина’, онаа универзална кон која сите се стремиме“, – ми одговори. Цитирам: „Сметам дека секој може да биде тоа што сака да биде, треба само храброст.“ – Сатја.

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply