Чекав да поминат сите празници. Да ви се среќни! Ама признајте – тогаш, некако, сите се разгалено сензитивни. Нагло се менува дебелината на нашата инаку, игуанска кожа, со која се фалиме. А ја немаме. Добро, некогаш е убаво да не се даваш, да си инат и се правиш паметен. Но почесто ти иде да му „фркнеш” една свемирска. Он тебе ќе ти мавта со мљацкави џигерчиња од Љуц, а ти си гладен ко Кралот Лав?! „Да му се врти ко од ефекти на модерен 3д холивудски благајно-расплакувач”. Или за олд-скул фраер(к)ите, ролеркостер. Или бродот во Охрид, „д епик уан”.

Генерално, факт за себе, и естетското правило на нашите ни празници е калориското, воедно холестеролско себе-уништување во кое мантраме:

„Последно е ова.”„Последно е ова.” „Уште ова…”

…додека возот си врви, како на машините – гаранцијата. А ние – уште „бигоросани”. Е толку сме осетливи. Како мобилен на тач. Или кога ти ѕвони телефон додека чистиш поплава. Тој што ти ѕвони има да „попие“ доволно пцофки за нова Ана Каренина да напише. И уште некое „тралалајка” рефренче успут.

Ипак, добро е да се нагласи дека, не сите се „принцези”. Веќе погодувате, тука ич нема да се збори за религија во секојдневна формација. Туку повеќе, за она во што, сите ние, веруваме. За кога ќе не буцнат со игла, место крв, храброст да ни протече.

Она што не ни иде во корист е, што, „многубоштвото”е нуклеарна физика која за повеќе од половина од населението што „хога” кислород е, како да ви кажам… Јас па, како мало дете се радувам кога се запознавам со нови божества. Рецимо, многу сакам луѓе кои веруваат во слонови. Па таа грдоќа лепотанска, абе самата си бара да веруваш во неа. Плени. Други веруваат во џедаи. Не се зезам – на прошлиот попис во Србија, повеќе од 3000 луѓе се определија за оваа „религија”. Е Лукас, Лукас, и „Слотеру, Ниче”, го засени, мајку ти твоја Дизниевска. Наравно, во овој конгломерат автентичности несомнено влегува дечкото на кој, по 3-та Светска војна со Министерства, доби дозвола да се слика за патна исправа со симболот на својата религија – тенџере на глава. Дефинитивно, мој овоземски ридско-планински владетел на сатирата и глупавоста. Што се тиче МКД, од потврдени извори можам да ве информирам дека, генерално, најмногу си го поштуваме Норис. Барем на избори.

Она што сега ќе почнеме, а со време ќе довршиме, ќе биде посветено на „многубоштвото”, во една, за многумина (за жал), потенцијално конфликтна формулација скована во тихо, постпразнично доба. Ме думаа другариве, да не се љутите. Ама и од претходно, веќе се знаеме – ме научивте. Малце увод за загревање, па продолжуваме со историски осврт на случувањата, за да триумфално влетаме кроз целната рамнина со содржаен пол-страничен практикум и завршиме со муабет за главното – муабет за шаренилото, боите, многуБОИството.

Она што не ни иде во корист е, што, „многубоштвото” е нуклеарна физика која за повеќе од половина од населението што „хога” кислород е, како да ви кажам… Јас па, како мало дете се радувам кога се запознавам со нови божества. Рецимо, многу сакам луѓе кои веруваат во слонови. Па таа грдоќа лепотанска, абе самата си бара да веруваш во неа. Плени. Други веруваат во џедаи. Не се зезам – на прошлиот попис во Србија, повеќе од 3000 луѓе се определија за оваа „религија”. Е Лукас, Лукас, и „Слотеру, Ниче”, го засени, мајку ти твоја Дизниевска. Наравно, во овој конгломерат автентичности несомнено влегува дечкото на кој, по 3-та Светска војна со Министерства, доби дозвола да се слика за патна исправа со симболот на својата религија – тенџере на глава. Дефинитивно, мој овоземски ридско-планински владетел на сатирата и глупавоста. Што се тиче МКД, од потврдени извори можам да ве информирам дека, генерално, најмногу си го поштуваме Норис. Барем на избори.

Она што сега ќе почнеме, а со време ќе довршиме, ќе биде посветено на „многубоштвото”, во една, за многумина (за жал), потенцијално конфликтна формулација скована во тихо, постпразнично доба. Ме думаа другариве, да не се љутите. Ама и од претходно, веќе се знаеме – ме научивте. Малце увод за загревање, па продолжуваме со историски осврт на случувањата, за да триумфално влетаме кроз целната рамнина со содржаен пол-страничен практикум и завршиме со муабет за главното – муабет за шаренилото, боите, многуБОИството.

Њу Ејџ Мувмент е приказна за себе. Ултра модерна спиритуална формација, која не се „бафта” ни со свето писмо, централизирана организација, догма, послание или уотевер. Базирано на квалитативно дефинирање на поимите согласно поимањето од страна на мнозинството, ова апокалиптично (за формалните религии) движење, е сè, освен, религија. Веруваат браќата и сестрите во ѕвезди, свети камења, кристали, Милан Тарот, м’мкање на бркот на Аца Лукас или квасење на пинковачата на Брунслик. Со други зборови – веруваш, во што сакаш. Ќе ми простите на вулгаризирањето на догмата, но во интерес на времето, како и поентата која е во пустина, а до која треба да „довесламе”.

Водејќи се од ова „блаженство”, и креативците си имаат свој „Њу ејџ мувмент спиричуал”. Секташки малце, факт. Се работи за нешто налик ритуал. Ритуал, без ритуал. На нашки – поставување „рамки, кои нема да имаат рамки”. Ако си креативен, тоа често е мерено на скала од луд до ненормален. Зависи од степенот на „болеста”. И до кај стасала. Да чукнам во дрво. Ама и да не чукам, џабе ќе го будам. Јас топло би ви препорачал да си дојдИте во нашето крејзи друштво. Многу ни е фино. Еве јас, како припадник на оваа тајна анти-масонијада, во последните саати достојно се придржував до нашето кредо, и: трчав во „осмици” испрекинати линии на паркинг и на секое десетто линииче менував насока; една плочка на тераса ја минував секогаш на една иста нога; изедов три колачиња со малтекс, не три ипол –само три; блогирам со песна на рипит до Недојдија и назад. Претпоставувам дека зјапате ко да ме удрил 101 у предно крило. Тоа е тој – тежок, „секташки”, живот. Креативци, мрш по андерграунд, да ве нема!

Секако дека ќе тераме, кон нашата креативна Недојдија. До креативниот Ќафасан. А после него, иде нова земја – која би ми е ќеф што ми дозволувате заедно да ја откриваме.

Ова е ваша борба. На вашата суета, его. Како сакате. Вие треба да се „очовечите” и да почнете да гледате во себе. Тука, во ваши штипки, мој нос нема зошто да се бутка.

Јас би да поработиме на вижуалот.

Нели…зборевме…ај да не се повторуваме…Членството во нашето (со задоволство би ја квалификувал како такво, доколку мојата маленкост е дел од ова друштво на ванземаљски креативни луѓе) движење не е „захтевно” – нема тука книшки, фискални и инфлација. Има само плафон, кој со лажички го кршиме.

Во продолжение ќе твориме на оваа тема. Кој со каква лажичка, драги мои, го руши таванот кој му се испречува на патот кон сонцето. Што е тоа со што вие, секојдневно, удирате по класификациите. И работите на бегство од сопствениот стилски „затвор“.

Пред повеќе од 15 години, во добата кога уште бев млад и надежен спортист, бев „болен” по патики. Ух, два тренинга со исти патики? Може, ама ако се со два различни тима. Не дека некој ќе примети. Едноставно, кога гледам патики, од кога знам за себе, гледам – лица. Сенсот веројатно претрпел генетски модификации низ годините, па денеска, знае и да забушава. Искуството покажало дека овој Макијавелистички начин на резонирање знае да утне. Да утне, и тоа јако! Како и да е, јас сеуште не се откажувам од мојата манијакална потреба од тон патики, кои со Устав мора да постојат во мојот шкаФ. Вратата одамна не се затвара. Ама, мое е да трупам.

Првата еволуција на оваа моја генетика, според зборовите на познавачите, се јавила пред 10тина години. Како да беше вчера – Најки, нови, за баскет. Од пустата една продавница во Скопје. Најнови. Лудило! Скапи – сулудо! Сметки за цел месец. Една плата. Среќа, генерално чувам кондури и не ќинам, па довербата дека нема да бидат „слаб материјал” постоела. И така, Кихот мали, со Најки „Нешто-страхотно-серија-богзнае-која”, тренира баскет. Тренинг, два, три. Пак се враќам на старите патики. Моиве дома – постпородилна депресија. „Фрливме пари, не ги носи, не му се точни”.  И тука, кај поемотивните, се јавува чувство на изневереност која ја предизвикале, тага и мутно-пред-очи и болка што ќе ти падне косата од толку „планинарење” по твојата глава. Но, уште во ова рано две хиљадито годиште, се мирисал мојот, њу ејџ лојализам.

Така?! Добро!

И додека секое дете, би ги фрлило во зовриена Кока Кола новите патики од магарешки инат, јас сум бил прагматичен: „Чекај сега, веќе се тука. Боље да добијам, нема. А ако ги нашкртам, дома нема да им „чуе”…Еурека!”. И така, го „репетирав тушот”, полу-исушените текстилни бои, и им се пуштив ко на јајце со шарена сол после Велигден. Тоа беа моите први, цртани, патики. Флејмс со нешто „иновативно”. Иновативното покриваше грешки, наравно. Патиките ги носев рекордно време, а до скоро и ги чував.

Од тогаш, до денес, јас „работам” патики. Денес верувам, поуспешно. Метаморфозата, кај мене беше обратна – почнав од скапи, за денес да стигнам до „лон” модели на кои им вградувам „душа“. Зошто таму лежи поентата на мојата експресија. Тоа е мојата лажичка. Едно време се скрши ради недоволно инвестирање во нејзиниот развој. Ама, залепена, сега „ломи” како нова. Со толкава брзина, што решив да почнам моја линија. А ова ќе биде првата серија. Бои – по избор. Една ваква, една таква. Текстура – по мој избор. Ји Ха!

Еве го првиот пар. Спешли за Скопје Се Носи. Од Чаршијата, каде сè уште можат да се најдат опинци од страшно квалитетна кожа. Гледате, и таму имаме наши „секташи”! Луѓе кои и денес, се грижат ние младите, од што сме „големи” граѓани, да не изгубиме нешто што со векови имаме. Луѓе кои се грижат за нашата креативност. И за нашето креативно здравје.

Пред „Скопје се носи“ да ме здроби што не сум дал практичен, „кулинарски“ заклучок од нашава сеанса, да најавам дека насловот ќе продолжиме да го „деформираме” во многуБОИството (2). Зошто многу ќе ни дојде. Па ќе си се смачиме.

А за крај, денешнинава е позната како „Туторијал тајм”. Никој „нема време да учи”. Све се приучува. Па следејќи ги трендовите, кои дури во овој случај може да бидат апликативни, повелете:

Како да си направиш пролетни обувки „ала-ТИ” во неколку чекора:

  • Најпрво, посегни по патики/кондури/балетанки/штикли/што-и-да-е по твој избор. Може да се и веќе носени. Перење пред фарбање, за да не бидат ко неуспешно вапцани јајцИ.
  • Фино е да се еднобојни. Ради полесна игра со бои. Но, нели, изборот си е само твој.
  • Патиките се испрани, суви, спремни за „операција”. Бои од најблиска продавница за бои за хартија, платно и текстил, или подобро снабдени книжарници каде може да се најдат основни бои на текстилни фломастери и црни „ивичњаци”.
  • Оди до твоето место. Да, ОНА, ТВОЕТО.
  • Собирај клетки инспирација од околината. Не мора да е ништо специфично, некогаш и само дишење воздух дава неверојатна креативна потенција.
  • Цртањето и боењето, само по себе, не познава граници. Батали се останато. Ослободи го умот. Текстилот е твој.
  • Би било фино цртежот да е испланиран. Ама и ако не е, ху гивс а … ?!
  • Нека се исушат. Инструкции, на пакувањето на боите.

На нозе и, кон небото!

А ако сакате од моиве, радо ќе ви поделам. Под услов да ми ветите дека ќе ги носите без туфкање и срамење. Луѓе што се срамат од уметност, се плашат од себеси.

Чекам слики! :)

Spread the love
  • 5
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

2 Comments

  • Martin says:

    Kako da iskontaktiram so deckovo?

    • skopjesenosi says:

      Здраво Мартин, пиши му порака на Instagram, профилот за патиките му е S.IGNATUREMKD, а дечкото се вика Сатја.
      Поздрав

Leave a Reply