А се почна сосема случајно…

IMG_4965

…Пред пар години, на еден блудничав одмор. Знаете, си сакаме „алкохол и дискотеки” одмор. Тоа ни е ауспухот, кој ако не го „продупчиме” со, рецимо, раствор од компир уз разуздано трапче „ниар д бич”, го папаме цела година. Трокираме. Кукаме ко Бискит мој за шетање, дека „сме оувердоузд”. Не од блуз. Од лош вкус кој нашево Скопје, колку и да го сакаме, знае да ни го презентира. Форма – варијабилна: сакате естетска, сакате wannabe-малограѓанска. Али тоа е нормално за градска панорама. Ко продавница за кондури – за секој, по се. Ноуп. За секој по нешто.

Паралелава со кондуриве… Укапиравте дека сум фрик. И логична консеквенца на тоа би бил фактот дека на одмор без два пара патики, не тргам. Плакарот на тркалца, шкафот друг на кров. И у поход. Арно ама, судбинска беља ми се деси тоа лето, нешто што го смени начинот на кој ги поимам боите, но и естетиката во целина. Кројот на призмата која го шаблонизира вкусот. И перцепцијата.

Се трефна да купам ист модел. Многу ми се бендисаа – ДиСи, ништо спешл. Платнени. Си зедов едни црвени, едни зелени. У цајтнот договорот за одмор „од денес за вчера”, забораив да спакувам патики. А зошто сум „многу” ажурен, овие гореспоменативе, сосе кутии, во кола сум ги оставил. Си тргнавме така, јас стигам и оп гледам – ипак нема да шетам бос по греки ајландс. Фаст форвард до последниот ден – рововската битка која секојдневно и неисцрпно ја водевме со разни супстанци и состојби, даде „жртви”. Јас на пример, сум единствениот човек што, во морско место, без капка дожд да падне, можам да „пропаднам” во кал.

Јебига. Што да ви кажам.

И сега, се јавува проблем. Сигурно нема пијан, да чистам (некогаш зелена, сега црна) патика која е пре за у ѓубре него на нога. Ја глеам другата – ехее, за тоа што го преживеала, достојна за Нобелова е. Ја облекувам. Несвесно, земам десна црвена. И пут под нозе.

Усред лабаво џускање, приметувам луѓе – гледаат. Не знам зошто. „Уште еден пијан вол меѓу енглезите, ништо чудно”, си мислам.

Доаѓа братот од коњопојчето лево, со девојчето, да се сликаат. Хм. „Ои, мејт, кул мејт, бро, а, у”, први другари станавме, ја уште не копчам. Екипава моја очи од смеење си вади.

Доаѓаат после уште пар луѓе, сега „наши”. Како даскал ги испрашувам у ниедно време кој () им е, за да се испостави дека фамата била за – различните патики. Вауу. Нема врска, знам јас дека за некои работи сум како некој да ми бапнал хоумран на мозокот, али ова… Рили?!

И така тргна магарето. Прво удоле, па угоре. Дур не се стабилизира.

Прво носев различни зошто ми беше кул. Тоа траеше два, три дена. „Леле, еј!” моментот го запазував. Па увек сум сакал да експериментирам со алишта. Вај нот со патики. Али, тогаш ти се слуша само тоа што сакаш да го чуеш. Она класично, човечко, „пување”.  Се дуеш ко пуканки у микро. Ок, супер, различни се. И?! Од денешна гледна точка, ова оправдање ми е мутно ко кино снимак. Али што знае дете што се триста кила. Или, има една још боља – грав за пет минути, се вари ли?!

Апер филингот, отиде удолу по ридот, кога дадов еден убав швенк на поширока околија. Знаете, колку и да сме отидени напред (неспорно), културолошки си имаме еден „Бенџамин Батон” момент. Место да стануваме помудри, мозокот у дупе ни оди. Не дека „старееме – глупееме” е добра паралела, али терсене сме. Луѓе се ѕвереа, па гласни коментари, па смеење. Укапирав дека надвор од мојот двор има…друг двор. А таму, немам намера да ја косам тревата. Не е до нас само, јес да тоа многу покасно го укапирав. Кај и да сум бил, „Каква е оваа ситуација” на Џамбаз ми била химна. Секаде.

Ипак, си го терав филмот. Зошто да не? Поентата е да работиш на себе. Извади ја својата ДНК на полица. Моја си е полицата. Ако сакам и барокен гоблен ќе ставам (каква идеја а?! Шшш J). Станав зависник од реакциите на другите. А кога го надминав моментот дека: „Еј, и вака и така увек ќе бидеш „пинки фрики” за овде, тејк ит изи” – решив да ги „менувам” луѓево. Е како бе?! Е така, коа ќе ме зјапаат, пребацат, кажат/направат било што, ќе ги погледнам, да им стане незгодно. Ова беше добар буст, али…глупа психолошка игра. Без крај. И без поента. По неасфалтиран пат научив дека луѓе – не се мењаат. Али битно беше на време.

Времето потоа, го искористив за спремање магистерска на оваа тема. Се опремив фино – иди си по едни, врати се со два пара. Двобојни, вакви, онакви, шарени, платнени, кожни. Посвечени, не иде у дреч боја на театар да идеш. Платнени – за кино. За изложба, ќе си земеш нешто пофино. Ама да е различно.

Идам накај поентата, само да се доприкажам, се осеќам ко дедо со внуче во скут.

Еволуцијата на оваа моја, од „експерти по досада”, оценета и како шизофрена, компулсивна опсесија, завршува пред пар месеци. Е тогаш, во недостиг на креација и емотивна истрошеност, облеков различни модели. Едно со друго – благе везе нема. Хм. Ова више не проаѓа. Не дека ме боли што Че зборват, туку – излегов од баланс. Не така. „Ај малце да си намоташ назад и да укапираш што ти беше муабетот за ова, многубоиствово, и зошто уопште го праиш тоа”.

И пред да си помислите, ко што Петар фино си го срочил: „Што к.. ме боли за ова?” – следи објаснување на Хамплетoвото „да се биде или не”:

Зошто? Зошто? Зошто?

Две работи објаснувам на дневна основа – името, и патиките. Тоа со името е више позната прича. А „зоштото” за патиките, во мој филозофски наратив, кој честопати моиве го сметаат за „многу збориш, ништо кажеш”, звучи некако вака:

Денес, има многу исти. А малку свои. Многу дебели, малку среќни. Тон убави, малку прекрасни. Многу стилисти, малку естети.  Многу „ТИ”, малку „ЈАС”.  Многу форма, малку суштина.

Причини – милион. Оправдувања за овој феномен – срам ми воопшто да помислам. Пазете, реалноста е дека живееме во доба на асоцијалност. Тргајќи од себе, што и додека ова го куцам, го држам телефонот во рака. Четири раце имам кога треба да „проверам” нешто. Последен пат кога со полно внимание сум ислушал нешто, веројатно е тука негде со времето кога Гоце јавал коњ (J?!) . Да додадеме на ова дека сме до уста заглавени во хиперпродукција на све и свашта. Во секоја област. Кај мрднеш – медиокритетот е фино удомен во својот трон, па уште мрда со грбот да си се поднамести, зошто нема баш намера да ни се макне од очи.

Знам дека ко прави зависници, сите ќе ги негираме фактите. Затоа се факти. Впрочем, малце се оние кои своеволно се впуштаат во „тепачка” без однапред познат епилог. Повеќето се поткичмуваат под зависноста.

А ова, психолошки, влијае на аутпутот кој ти, ко чоек кој е релевантен фактор и уникатна единка, треба да го покаже, бре!

Носам различни патики. Виновен! Не е тоа мој револт кон општеството. Глупости. Ниту нешто што треба да се прочита како „што и да е, само различно да е”. Се почнува така, факт. Но, верувам дека низ годините сум ја трансформирал сувата потреба за различност, претворајќи ја во рецензија на моето јас. Не може секој на светот да те знае. Ниту па сакам да ме знаете. Ете ви, читајте. Не може телетабис песна од Лил Вејн да рапува. Ниту па секој треба да има клуч за сечија стилска рецензија.

Али, коа веќе не може да се знаеме, можеме да се „меркаме”. Естетската привлечност е таа која го одредува текот на муабетот. Пред „здраво”, има потсвесен „апрув или динајл”. Конзуларното лице во тоа што си го носите над ушите, дава амин или  вика џабе си ги фрлил парите – не ти е тука местото. ОК, може да има инстант промени. Човечка големина претставува учењето и менувањето, ама, што знам…Викајте ме скептик. Силна сопствена волја менува, не туѓа хаику поезија.

Назад кон патиките.

Забораивме дека мода не постои. Ни праќаат абери од друг крај на свет што да носиш, што се носи. А тебе те стега у половина, мевот ти искочил у тесно маиче и тако даље. Не бе другар(к)и. Не може така. Затоа носам различни патики. Почнав да верувам во боите. Во многуте бои. Тоа е мојата мода. Ја менувам на етапи, ама тоа мора да е она што јас сакам да биде. И да е фактичка презентација на тоа што ви го пеам. Сега тие се мојата виза, а процентот на прифатени/одбиени апликации и не е многу висок. Зошто, нели, сум мрднат и носам различни патики!

Вау.

Можам во ведар дух да заклучам дека, годините ги „омекнаа” луѓето па више сум стандардна појава (ка-бум, огномет). Од една страна, супер, ќеф ми е. Од друга страна, неќам што станува ординари. Зошто знам колку сите не сакаме ординари работи. Ама не планирам по секоја цена да се виткам во „несфатеност”. Сепак поентата е, да успееме во борбата со стереотипите, а не да продолжиме да го бодриме успехот на веќе постоечките.

ПС: Врховната идеократија на многуБОИството може да е создавање движење. Па тоа би било прекул, признајте. Свита со двобојни ципели. Хипстер оувердоуз. Хипстер зошто, во маса, веќе не се знае целта зошто е тоа всушност направено. Се следи линијата. Али нвм, и ова би била голема победа над медиокритетот. Сум добил слики, сум видел и луѓе кои ме виделе, па се инспирирале. Марија, Елена, Ивона и сите остали, б-р-а-в-о!

ПС2: Некако, читајќи и наназад што сум пишувал, со ова можам да ја затворам фаза 1 од нашето ветерничко запознавање. Маркетерите тоа го викаат „инсајт” кој е потребен за успешна кампања. Јас мислам дека на тацна ви дадов и повеќе од потребното, само за да ме разберете. И да се ослободите. Стилски, да не се разбереме погрешно. J

ПС3: Тон супер коментари за патиките од прошлата. Огромна благодарност, ми значи. Тоа е прв модел уопште кој после толку години цртање искача во јавност. Останати можете да видите по нозе низ градов. И секако, супер мотив за работа натаму.

ПС4: Суперстарките на Фарел FTW!!!

 

 

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

One Comment

Leave a Reply