Чистина. Стерилност. Невиност. Нов почеток. Изберете си сами.

Појма немате дека кога ве шлапнале по дупе и првпат сте отвориле очи, единствена боја која сте ја виделе е белата, така?

Па од кај да знаете, реално.

Во втората рунда на нашиот сизифовски обид да извадиме две чисти од вашите тотално нечисти перцепции за боите, тргнуваме од почеток. Сум слушнал толку глупости за тоа што всушност е белата, што толеранцијата на глупавост ми е дигната на убер-високо нивоу. Де била боја што „очи не ја гледале”. Де била „безлична”. Де била „небоја”…

Ох, Зоне Замфирче.

Боли колку е боја. На облаците, снегот и цветовите. На докторите. Дури и на песна од Владо која опева татковински белини. Од друга страна, бела е слободата. Асоцијацијата на невиност, чистота, едноставност исто така. Симбол за свет кој повеќе нема цврсти атрибути. Дури ни во форма на бои. Затоа, важно е да ја чепнеме што порано. Кога се појавила, што карактеризира, чуму баш бела била небоја, психолошки/естетски да ја отвориме ко дневник во декември оти носење бела облека на времево, може да помогне дури и при лоцирање, имајќи на ум дека дишеме пржен ќумур. Фајнли, зошто тоа што денес го поимаме за бело, всушност, не е бело. Види богати!

Уште во стариот Египет, белата била симбол за чистина. Античка Грција, ја ценела како цвет – водата. Унисекс боја, која ја носеле од Спарта до Тракија. Платон во „чаршав”, како што умеат генијално да резимираат не(до крај)информираните. Сандалите, кои се од ова доба, биле правени од кожа која потоа со бели пигменти се бојадисувала. Предметите, поврзани со ритуалите и многубожните обележја, исто така биле бели. Случајност? Ноуп. Си знаеле „антиќаните”, неретко ловејќи ја спротиставеноста на белиот, наспроти црниот концепт. Тежина на белава прича дава и процесот кој тогаш бил потребен за да се добие бел пигмент. На енглески ‘lead white’, оваа бела пигментација се користи за добивање бела, се до пронаоѓањето на цинк и титаниум белите. НО, ова не е бела боја каква што ние денеска користиме. Далеку од „крем бела”. Повеќе е „песок бела”.

Историски интересен е муабетот дека белата била „небоја”. И денес има катиљ луѓе што ќе ти праат велеслалом по нерви, додека докажат дека „…не бре братче, белата е боја, али ти не ја гледаш”. Ок, дијазепапче – жглап. Лујџе, баталете ги учителите што трујат со теоријата на Импресионистите дека белата не постоела у природата, па затоа и не постоела како боја. Глупости. Перцепцијата за белата боја зависи од светлината, која ги стимулира трите фоторецептори во зеницата на окото. И тоа, за разлика од сите останати бои, бела гледаме само кога овие три рецептори, примаат еднакво ниво на светлина. Значи, да се разбереме – не само што е боја, туку е фраерска боја. Да ти сврти памет.

Да не го тупам…

Ретко кој носи чиста бела. А сите ја сакаме. Макар да ја имаме дома на ѕид. Многу големи умови, си ја сакале и ценеле, а и ја имале како своја бисерна обетка во своето творештво. Мондриан бил заљубен во неа. За Бољшевиците, била боја на нивната револуција. Преку барата, Кју Клуксите и нивните бели худис. Пак назад во Европа, Папата. Религиозно – Исус. Дури и Барокот (не кнауф-Барокот), ентериерно ја слави белата. Брахмите во Индија. Шинто во Јапонија.


Се извинувам за дефокусираната мисла. Само, нафрлам. Јасно ви е колку е саатот, па следна точка на дневен ред, да прејдеме на главното.

Зошто Скопје треба да носи бело?

Е зошто де. Затоа што. Да тргнеме од формална „одеча”. Треба да бидете стилски писмени и да знаете дека постои формален ‘white tie’ кодекс, кој вклучува – фустан до земја и бели ракавици кај жените и, црн фрак, бела класика кошула со копчиња, бел елек, бел лептир, бели/сиви ракавици, црни ултра „пиц” кондури и црна доколенка чорапа кај мажите. Не, ова не е кодекс за свадба. Али во нашата ивент-лес држава, или на свадба, или на Виенски бал можете да се носите вака. Сепак, треба да се знае. Секојдневно, постои едно архаично правило кое денес има киднато од постојана употреба – бел џемпер или облека, да асоцира на професионалност, менаџерство или администрација. Конкретно, работа врзана со канцеларија. Везе нема. Носете си бело, ако работата ви го дозволува тоа.

 

Психолошки, белата делува смирувачки, асоцира на комфорт и помага побрзо да поминете преку емотивни турбуленции.  Како боја на апсолутна рефлексија, не очекувајте дека ќе можете да се скриете зад неа. Не за џабе народната вели, „бело отвора”. И визуелно, и емотивно пред останатите. Белата е чиста. Западната култура ја „буквализира” во невестите и докторите. А во себе, носи многу повеќе…

Минусот у приказната е дека, многу бело па не е на арно. Во секој поглед. Хаха. Многу бела, асоцира на самоизолација, празнина. Делува ладно, стерилно. Таков човек не може да биде перцепиран како заинтересиран, за што да е. Само бело на вас без друга боја, е како Хромска крофна без млеко. Убаво – ама нешто фали. Имајте на ум.

Јас ја гледам како боја на будење, раст и креативност. Боја со која почнува животот, но и секој нов животен круг. Движење во нова насока. Професионална, лична. Не е важно. Важно е да решите. А белата ќе ве „подбутне” и ќе Ви ги смени животните батерии.

 

Затоа, кога ќе облечете бело, подобро бидете револуционерно расположени.

Не ми ја арчете белата во „крем расположенија”. :)

Spread the love
  • 1
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply