Бев дел и од нејзиниот филм “The Artist is Present“. Доби награда за најдобар документарен филм на „Берлин филм фестивал“. Се снимаше во "Мома". Прва беше работилницата – “Cleaning the House“, бевме 25 перформери. Не смеевме четири дена да јадеме, да зборуваме. Многу беше потешко да не зборуваш отколку да не јадеш бидејќи кога не јадеш сакаш да се жалиш, а не можеш. Имавме тешки психофизички вежби. Немавме мобилен, интернет, ништо. “Disconnected“ од светот тотално. И после тоа назад во Њујорк, каде што сè се движи. Првите неколку дена си “slow motion“, потоа пак се враќаш во нормала. Ова беше подготовка за перформансот во музеј на модерна уметност во Њујорк, и беше многу убаво да бидеш со луѓе кои го прават истото и нормално дека не сакаш да се откажеш...беше интензивно. Интересно е тоа што откако ни кажаа дека завршил перформансот и дека може да зборуваме, никој не прозборе веднаш, помина едно половина час. Убавото е што на некој начин си ослободен но во исто време и заробен, не можеш да јадеш, немаш мобилен, и после тоа ги вреднуваш тие работи.

Something old, something new, something borrowed…  така е.
Дел од сликиве ги извадивме од досието на Игор, отворено во 2012 година за Скопје се носи. Сликани тогаш, во неговиот прекрасен дом покрај река, со топол пречек во доцна есен, непресушни теми со саати уште од врата, генијална енергија и „out of the ordinary” инспирација. Да додадеме, и восхитувачки искрен и автентичен, со бистра мисла и питома жичка во говор, со шармантен SF нагласок. Mногу понапред од своето време, ако се водиме по неговиот изглед и vibe, всушност сликиве делуваат и современо. :) Десетина пак од сликиве ни ги позајми пред некое време лично Игор, за да навистина ажурираме но, не и да финализираме затоа што тој е несопирлив.

Доколку ја следите неговата кариера вперена кон универзумот, светлосни години напред, и, сте имале прилика да ви поприкаже за неговиот „свет“, ќе согледате дека е од ретките со мултидимензионална вокација, повозвишена од една сосем вообичаена дневна агенда. Еве една „капка”, речиси како со пипета обликувана, од сè по малку во неговиот океански опус од творештво. Се надеваме ги гледате во неа „спектрите“ од бои и форми, како се прелеваат и прекршуваат од светлината. Со драго срце „Скопје се носи“ ќе ја сподели со „жедните“ меѓу вас.

Еден од „пионерската“ инспирација на „Ск се носи“, со доверба во нас уште од пред „нашата“ ера. Битие и повеќе од „медиум“, Игор.

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply