Извесниот и единствен очевидец во дадената изјава (со дискутабилна веродостојност) помалку или повеќе, го опиша местото на злосторот вака:

„Се наоѓав на само неколку метри воздушна линија од реката Вардар. Опсегот на ретката панорама која ширум се отвори пред мене опфаќаше повеќе куриозитети: во комшилук отспротива, на терасата од едно масивно здание од друг век, без срам и перде во необични пози се сончаа гротескно подоблечени депигментирани луѓе. Долу пак вртеше еден рингишпил, помалку морничаво, без многу деца на порцеланските ждребиња, некој случаен минувач овде-онде… беше сабота, пладне, по малку на промаја можеби заради Вардарецот, со „real feel“ на дожд и дека нешто речиси не се случило, пред мои очи. Се наоѓав на 5ти спрат, на една тераса, кратко потоа во една кујна.“

Официјалните извори тврдат дека вистинската локација всушност е строгиот центар на градот, градски ѕид на кеј. „Немилниот“ настан пак се случил помеѓу 12-13h на пладне, сметано по централно европско летно време. Во име на истрагата, поради безбедносни причини и заштита на личните податоци, понатамошните детали околу локацијата на местото на злосторот ќе останат во тајност.

Поткрепено со новинарско-истражувачки артефакти и фотографски докази во содржината подолу, извесните засегнати, Ј.Л. и М.С., именувани како г-ѓа „Пилатес гуру“ и г-дин „Маркетинг експерт“ воедно наведени како сопруга и сопруг, наводно имале вообичаен ден од нивниот сопружнички живот, се додека, според изјавата на сведокот, младата „Пилатес гуру“ не го асалтирала, не многу повозрасниот, „Маркетинг експерт“ со автоматизиран „пиштол“, најверојатно во ходникот за кратко потоа да го „прегази“ со автомобил од непознат кинески бренд под неразјаснети причини во нивната кујна.

„Не беше случајно моето присуство таму“, – додаде единствениот очевидец во изјавата, воедно undercover новинар „нашинец“, „пред да се зафатам со случајот и да земам отпечатоци, морав прво да „опипам“ територија… веќе подолго време наслутував дека лежи некоја сторија таму!“

Читајте ексклузивно во најновото таблоидно издание на Скопје се носи! Како „течеле“ настаните воедно и позадината на целата приказна. Што навистина се случило знаат само присутните на местото на злосторот. Како очевидецот извлекол жива глава од таму…претставува уште еден „куриозитет“ во панорамата од настани тој ден.

Spread the love
  • 150
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply