Незапирливото чукање на часовникот нè потсетува на минливоста на моментите, но воедно ни е и потсетник да не заборавиме во нив и да уживаме. А средата вечер беше посветена токму на тоа! Секоја минута од настанот на кој нашите пријатели од MY:TIME го најавија доаѓањето на часовниците и накитот на Томи Хилфигер, означуваше нов бран естетско уживање.

Со неодоливите коктели од „Brown Sugar Cafè & Bar“, во префинета и пријатна атмосфера, наздравивме и му посакавме добредојте на брендот наменет за вистинските индивидуи кои со страст сакаат да го истакнат својот карактер преку вечниот моден детаљ – рачниот часовник.

Инспириран од неговиот татко кој работел 42 години како часовничар, Tommy Hilfiger во 1985 започнал да ја дизајнира својата колекција на рачни часовници. Ставајќи ги неговите извонредни таленти и непогрешливи модни инстинкти на тест, Tommy Hilfiger зачекорил и во улогата на дизајнер на часовници.

Од лансирањето на својот бренд во 1985 до денес, Томи Хилфигер стана глобален пионер на класичниот „кул“ американски стил. Инспириран од популарната култура и американското наследство, Томи и неговиот бренд во јадрото на своите вредности се мотивирани од оптимизам за животот кршејќи ги шаблоните и конформизмот, славејќи ја желбата за истакнување на индивидуалноста на секоја личност.

Секако, добро е секогаш да имате  часовник чие отчукување е наменето токму за вас.

Појдете во MY:TIME и одберете го! Ние веќе го имаме. Благодариме за непогрешливиот избор MY:TIME!

Погледнете ја фото-галеријата подолу за да ви доловиме дел од атмосферата:

Spread the love
  • 112
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply