Знаете, звучи меланхолично коа нон-стоп „фидбекуваш”, али практично е. Од аспект што некои феномени се доживуваат само во одредена фаза на косто-раст. Рецимо, „сакам да бидам како”. Па, тоа е еден изузетно битен дел од животот на секое битие. Клинецот се стреми да е шајка. Ама не шајка – шајка. Туку таква, баш таква шајка! И тоа е убаво, знаете. Од психолошки аспект, влијае на себеоформувањето. Ехе, и те како! Од друга страна, создава траса – Е-75-ка која ќе се прати одреден период. Секако, новите искуства подоцна носат нови патишта, бури и премрежја. А па кога ќе дојде љубов, ни патарини не се плаќаат… Само право, шефе! Пра-во!

Веќе не знам на кое место ми е музиката  во животот. Ова формалниве догми и формулации ми „кварат бизнис”. Уште не научив дали таа, правата ствар за што уствари сме тука (во Република Марс) да ја постигнеме, го јаде значењето на класичните дипломи, кое благо речено, е на стероиди (или според „балканската музичка икона” – хемороиди). Ако е состојбата таква,  ондак саунд инжинерингот во мојот живот треба да е зад дипл. Политиколог и мр. по Економија. Дипл. и мр. Ох боже. Доколку состојбата е обратно-пропорционална, праиме муабет за мојата прва и, единствена љубов. И како таква, сосема свесно си ја „гојам” ко прасе пред празници, со аудио визуелни спектакли, осредни но музички језиво квалитетни настапи, но и андерграунд свирки, ако праиме муабет за музичка вредност која треба да се слушне/испоштува. Знаете,  нема граница што сѐ може да се научи, макар и од нешто што не ни е по ќеф. Месо на посна слава, алкохол зад волан , неписмен зад тастатура или неук а гласен. Не идат едно со друго. Не им е таму местото. Коа еднаш ќе се изгориш, ќе укапираш. Ако си паметен, ќе „примиш к’знању”.

Следејќи ги горенаведените антагонизми, да финишираме:

Штикли на, рецимо, СМАТ ќе научат дека – не им е таму место.

Кога ќе дојдеш на концерт на One Republic ќе укапираш дека – „није Пинк све што сија”.

Е затоа е битно што Авалонци уште го прават ова. Реално, туѓ срам ме изеде што, не требаше луѓе со вап да се одлепуваат од трибини од гужва. За Цеца кредити се дигаат, за на Тедер екипата е скапо. Добро, разбирам. Секој може да инвестира во сопствениот интелектуален капитал на себе својствен начин. И тотално го одобрувам тоа, додека прави боље луѓе. Ха ха. Како и да е, Авалон има благородна мисија која верувам дека ја разбира, и уште повеќе се труди да ја реализира. И тоа е Дон Кихотовска мисија. Ама потребна. Неопходна.

„Сум бил дел од” (мојата омилена копирајтерска фраза. За секоја употреба во комбинација со „неповторливата”, давам гратис заушки.) концерти со 10, 20, 30, 50, 80 илјади луѓе. Сум бил и на свирка со 10 луѓе. И сум свирел пред 5 луѓе. Значи, сите фази, што се тиче вајање на калапот сум ги папал. И свирачки и слушачки. И наравоучението е дека, генерално, публиката нема да те направи подобар свирач/пејач. Туку, ќе те направи да не може ни костозглобно да те коригира од истоштеност. Зашто тие луѓе дошле за тебе. А твое е да се потрудиш утре да дојдат пак. Затоа дечките од One Republic беа одлични. Од 30.000 во Истанбул, поминаа на (не повеќе од) 8.000 во Скопје. Сериозно помал аудиториум од истанбулскиот пред, или белградскиот кој им следи денес, тие го „мобилизираа” за двочасовна војна со самите себеси за зачувување на гласните жици. Луѓе пееја, викаа, уживаа. Браво, стварно браво. Во таа специфична (само) за СЦ Борис Трајковски акустика, Тедер, Филкинс и остатак, душа пуштија. Како да знаат каква идентитетска криза не јаде нас, музиката и државата.  Како да дојдоа да цртаат со маркери за табла по табла за креди. Али ќе трае и тоа. Пократко, али ќе трае.

Рајан Тедер е врло сериозен момак. Покрај фронтменска улога од 2000- и некоја, денес царот е многу почитуван сонграјтер во светов. На времето, Тимберленд му покажува како тоа се прави, кога уствари и ги „гура” One Republic во светот на Ролс Ројсите. Сте ги слушнале XO и Halo на Бијонсе така? Е па негови се. Maps и Love Somebody на Левин и комп? А ха, негови. Ghost на Ела? Да, да. 8 н.1 хитови за 2014. Убаво си се претстави он ко Jay-Z. Али на сцена, за среќа, не се понашаше како него. Изглеа од другарка му Jessie учел како се почитува публика. Наклон царе.

Сетлиста, стејџ презнс, лајв стримови – тоа е сѐ тука, и сѐ е на место. Македонска публика, добро запознаена со нивните нумери што се вртени на радио, даде добар фидбек. Кохезија на дечките на стејџ, одлична. „Добровечер, Македоунија”, и Скопје се стопи ко шумеча. Тоа се малите тајни на големите мајстори. Во слободните фрејмови на бимовите, „Good Life” идеше со инсерти од плоштад. Бај д бук, така се придобива публика во место што веројатно не знаеш на карта, ни откако ќе ти го покажат, да го најдеш. Општо, тоа е и почит кон домаќините, која малку од светските артисти ја имаат и е за поздрав. Али затоа дечките биле во повеќе од 60 земји со „Native Tour”. Не зашто само сакаат. И математиката така вика секако.

Изнаредија хитови од „Apologize” навака, пар кавери кои беа фино увалени во енергијата што ја пренесуваа, а и нумери кои веројатно допрва ќе ги вадат како синглови.  Девојче се качи на сцена и снимаше live stream, кој за жал не успеавме да го видиме на бим. Ама тука е Тедер, па тој во неколку наврати зеде камера да снима. Секако, тоа не го извади од ритам. Очекував, во стил на голем војсководец (какви што се сметаат фронтмените што воедно фураат паралелна кариера), да добиеме настап на Тедер и One Republic. Ама ете, утка – неговиот вокал беше дел од бендот и бендовската енергија. Без фурање. Си ја заврши работата. Како дел од својот бенд. За што наравно ќе биде дебело платен.

Небитно, севкупниот впечаток – троделниот (бендовски – анплагд – бендовски) концерт, кој траеше и повеќе од договореното, беше одличен. Факат. Ако кажам дека на Скопје му требаат вакви работи,  нема да откријам ништо ново. Ама, една друга работа беше хајлајт оф д најт….

Генерално, кога одам на концерт, одам да уживам. Телефон, ако сум во странство, не носам. Ако сум тука, го чувам у џеб. Немам време, за да губам со снимање. Демек некогаш ќе ја глеам снимката. Ама иди објасни. Гледам и шипки од чадори низ публика… Ааа, не биле тоа… :)

 

Уз таа фина Балканско-Америчка синергија, тон млади. Родители со мали деца, исто. Фантастична слика. Еден клинец, во заносот на подрипнувањето, со недвосмислено воодушевување на маратоните на Тедер од еден, до друг крај на сцената, заклучи:

„Мамо, сакам да сум фраер. Како него! ”

Го слушнав, го извадив телефонот. Пратив снепче по навика, и го запишав овој цитат. Коелјо би имал основа тука. Не го слушнав одговорот на родителот, па да ви пренесам дали било „правилно изиграно”. Сигурно било.

Тоа е тоа што ни треба, другар(к)и. Децата треба да имаат херои кои го заслужуваат приматот. Тоа дете заслужува утре да оди во градинка и да свири air guitar, за да „биде како тој од Уан Репаблик”. Нека му се смеат. И на Кле му се смееле. И на Дали. Има ли поголемо одобрување од туѓото неодобрување? Не би рекол. Against the odds. Тоа е суровата вистина која треба да се исклеса – не во камен, во Валиријански челик. Херкул имал 12 мисии така? Отсекол глава на повеќеглаво чудовиште, се борел со лав чија кожа не може да биде пробиена, на хидрата и ги отсекол седумте глави – сето тоа, за  Хера да го ослободи. Е па ако он имал 12, ние имаме 109,2 % повеќе. Бидејќи ние не бараме ослободување. Тоа го должиме. На младите.

Кога ќе сретнам на улица дете како се килави со виолончело на грб, или две гитари, ама ич не ми иде да му помогнам. Зашто така се кова железото. Додека иде, нека мисли, уау какво соло имаше гитаристот на Уан Репаблик вчера. Ау, ќе го „скинам”! Кој беше дечкото? Леле добар е. Чекај да видам што уште свирел. Оп идол. Оп животна насока. Оп, ете уште едно дете што ќе има плус занат во раце. Или дај боже, ќе има своја „Native Tour”. Ако свири на улица, застанете – ислушајте. Дајте му аплауз. Мотивација. Тоа не е на „улица”. Тоа е на креативен пат, кој треба да има шанса да се развие.  Не е наркоман ако вежба скримови по дома. Или слуша Диму Бургир. Знам дека е тешко да се објасни ова. Посебно на Балканот. Посебно за култури кои веруваат во името на администрацијата, факултетот и светиот брак. Али, треба да почнеме. Деца, учете нешто што ќе научите. Јадете светска храна. Дишете слободен воздух. Формирајте своја естетика. Ескалација на индивидуална креативност. Тоа се бара. На крај краева, тоа се плаќа.

Затоа треба да имаат избор. Затоа велам дека Авалон и сите останати имаат мисија. Сериозна мисија. Не против хидра, туку против просечноста. Да им се даде шанса на децата родени во новиот век, да изберат. Борбата не е нешто да се забрани. Ми викаат дека сум пропагирал екстремен либерализам. Тенкс Џизс, Алах, Тедер, свеједно! Ма што сакате прајте. Само, дадете шанса на клинците да изберат. Без разлика кои се алтернативите. Мали сме, за да бидеме „хејтери”. Нас ни требаат силни индивидуалци. Затоа нека го гледаат Тедер како доминира во својата канцеларија која секој втор ден се шета низ свет, нека имаат можност да одат до Белград и да го видат Роби у акција, а ако некој има можност и сака, Тумороуленд, Коачела или мојот, Гластонбери. Денес, тоа ти е блиску како крофните во Хром коа ги цепаш пешки од Центар, или Силбица после пијанац у парк. Толку далеку, ама коа се сака – преблиску.

Не би пишувал да не верувам. Не би верувал, да не би имал доверба во човештвото. И Дон Кихот верувал. И Дали верувал. И Рајан Тедер верува.  Зошто јас не би? :)

 

* Фотките се позајмени од официјалниот фан пејџ на OR.

Spread the love
  • 2
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply