Што прво забележуваш кај некого? Со што некој успева да ти го задржи вниманието? - Насмевката и стилот на облекување, ми се првото нешта што ги забележувам кај луѓето. И, дефинитивно најбитното, каква музика слуша. А, за да ми го задржи вниманието хм... Останувам ако ја делиме истата фрекфенција.

„Ми се случило да отидам на театар и несвесно да ја пропуштам претставата опседнат од креативните мисли за музичка тема што ми се врти во глава. И, додека не ја запишам, отсвирам, испеам… едноставно не сум мирен.

Мојот професор по Аранжирање Кире Костов честопати ми велеше: „Тоа е болеста аранжерска, Глигорије“. Епидемијата е таа, нема бегање. Заразен еднаш и за цел живот.

Не би можел без музика, музиката е мојата мисла, моето вдишување, издишување, постоење! Јас не би бил Глигорије, ако сум без музика.“ – Глигорије

Leave a Reply