aspen-2Списанието „Аспен“ било и пoвеќе од добра публикација, која ги урнала параметрите и го предизвикала концептот на она што форматот на едно списание можел – и сè уште може – да го направи. Дистрибуиран во периодот помеѓу 1965 – 1971 година до претплатени читатели, издавачот на „Аспен“ била „опасна“ бизнисменка, Филис Џонсон која по спојот од уметност и бизнис на некој начин го преобразила нејзиното луксузно списание посветено на животен стил од актуелните случки во ски-ресортот во Аспен, во „кој е кој“ од сите важни луѓе од уметноста, музиката и културата во период кога експерименталната хипи ера го достигнала својот врв. „Аспен треба да биде временска капсула од одреден период, гледна точка или личност“, изјавила Џонсон. Со десет изданија објавени во текот на 1965-1971 година, во моќната листа на учесници, меѓу другите, спаѓале: Питер Блејк, Вилијам Бароуз, Џон Кејџ, Јоко Оно, Марсел Дишан, Филип Глас, Сол Луит, Џон Ленон, Рој Лихтенштајн, Џеспер Џонс, Лазло Мохоли – Наџ, Велвет Андерграунд – Роланд Барт го објавил неговиот антологиски есеј „Смртта на авторот“ во изданието 5/6. Енди Ворхол го дизајнирал третото издание „Книга со билети за десет дена“ (извадоци од четиринаесет трудови презентирани на конференцијата во Беркли на тема ЛСД). Меѓу другите изданија биле и „Издание за психоделична дрога“, „Британска уметност и култура“ и „Азиска уметност и филозофија“.

Како прво спакувано списание секое издание на „Аспен“ било тематско и прилагодено и спакувано со мултимедијални изненадувања: фанзини, флипбукс, брошури, навои од супер 8 филм, постери, снимки на лента и разгледници. И во уреднички и дизајнерски поглед „Аспен“ бил инспиративен: не само што ги соединил бизнисот и современата уметност, но исто така им овозможил на читателите да проникнат длабоко во неговата содржина на интересен начин. Неодамна „Аспен“ повторно се појавил на сцената, во форма на изложби во „Whitechapel“, Лондон и во MACBA, Барселона како дел од нивната „Arte, Dos Puntos“ изложба. Виден во изложбен контекст, возбуденоста при откривањето на десетте изданија на „Аспен“ е неизбежно ублажена, но бидејќи толку малку копии сè уште постојат, нивното сочувување како артифакт од тоа време е од суштинска важност: „Аспен“ ги навестил сегашните мултимедијални тенденции и им дал насока на оригинален интерактивен начин.

Повторното појавување на „ Аспен“ ја покажува растечката носталгија за печатени формати и обновената почит кон физичките изданија кои беа значително уништени од интернетот и претставува доказ за ера на некои од најдобрите уметници во модерната историја: инспирира дела преземени од минатото за во иднината.

image

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

One Comment

Leave a Reply