Драги мои,

Се насладувавте на скаричка? Се одморивте? Денот на трудот си пројде по прописите? :)

Е, баш ми е мило! Нека ви е на здравје.

Непосредно пред први мај, „Скопје се носи“ си оствари една дамнешна желба и на една недела промени средина.

Инспирација на секое ќоше, уличка, занес, мириси кои мамат, културни збиднувања, полнење на душичката, сетила изоштрени ала суперхерој, пешачење значителна километража на ден ко од шала, гастрономија – „сакам-сè-да-вкусам“ и Алачки-призвуци неколку пати, модни одушевувања, паѓање вилица од прекраснотии и ајде да не должам многу, многу – посета на градот до кој сите патишта водат – Рим.

Немате ништо против нели? Оваа сесија ја направивме надвор од нашето мило Скопје. Мала новина и не е на одмет.

Велат дека убавите работи се случуваат кога најмалку ги очекуваш. Добро де, има вистина во изрекава но, признавам, потсвеста си „работеше“ на случајов некое време. А, си беше вообичаено саботно утро. Си проверував јас пораки на мобилниот и кога, што да видам! Сè уште во полу-сон, читам: „Би сакала да ве поканам во Рим, кога ќе расцути природата(на пример април), да правите едиторијал за Скопје се носи“. Чекај, чекај…како? Не дека секое утро пијам кафе за расонување, тој ритуал си го оставам за после доручекот, но, оваа вест ми дојде како дупло еспресо. Насмевка од шестка (а можеби и седмица) до другата. Не треба двапати да ми се каже :). Правец – букирање карти.

Домаќин – Signorina Нина – Grazie mille уште еднаш за поканата, за незаборавното дружење и прошетките, и секако за твојата улога на фотограф на оваа фото-сесија за „Ана се носи“.

Во духот на „Скопје се носи“ фотографиите се направени на кровот од зградата од маалото на Нина во Рим. :)

Stammi bene!

Spread the love

Leave a Reply