„Аии..”

Да, тоа е најчестата реакција кога луѓе слушаат дека пинк розева ми е омилена. Дозволете да ви соопштам дека, ме боле ме’о. Сепак, во насока на конструктивната, неодамна почната деконструкција на митовите за боите, треба да се дешифрира оваа пинковача дилемка на која, за дивно чудо, машките се посебно осетливи. Ај да чуете, па после да си гризнете јазик, може?!

Розево – па тоа е широка ливада. Е-хе. Бебешка, ‘на’ црвено, ‘на’ виолет, магента и така натаму. Нормално. Она што е специфично за овој колоритен пигмент, е фактот што неговото расположение се менува, во зависност од нијансата. Ајде да земеме две нијанси – пинк, која всушност е бејби розевата по саксонски и, магентата, онаа која за нас терминолошки е пинк. А не треба. Магента си е. И не, Т-Мобајл не си ја крстиле сами својата нијанса, таа си постои во спектарот. Нејсе…

…бебешко розево, а? Мекоча, слатко, внимателно, романтично, цветно. Генерално, нијанса на малите девојчиња. И со право. Нијанса на пријателство, хармонија, внатрешен мир, отвореност. Муабетот дека децата треба да се облекуваат во бои со силна психолошка вредност, држи вода. Бебе розевата е сВатката страна на црвената. Или како што Енглезите знаат да кажат, „sugar, spice, and everything nice”.  Затоа, тука нема муабет за нејзината употреба. Имаше еден… специфичен… период кога се носеа светло розе џемпери. Може да ја носи секој, дава мекоча. Неутрална. За мене искрено, досадна. Ко играње Бир-понг со пиво. Пре.

Од друга страна, пиииинк! Овај, магента. Понатаму, пинк. Е тоа е моја боја. Од кога знам за себе. А како станала е неоткриена мистерија. Копајќи по книги за колор и историја на палетата, всушност го прочитав токму тоа заради што и си имаме „поштованка” со пинкот – се работи за боја која е… стојте. Цитирам:

„…Боја-инструмент на промени и трансформации. Боја на универзална хармонија и емотивен баланс. Боја која го помага и поттикнува здравиот разум, рамнотежниот преглед на светот.”

 

Бре, тешки зборови за една боја, нели?! Па и не би се согласил, почитувани. Знаете, и научно е докажано дека првиот колоритен впечаток за некого, има сериозно влијание на вашата слика за дотичниот/та. Значи, потребно е пред да донесете тотално неинформиран/простачки суд за некој, да имате бек-ап инфо за тоа што го судите. Еве ви го. На тацна. И пред да осудите и друго машко што сака розево, стајте наочари, стиснете го дугмето „Отворимозак” зад уво, и – чит удоле.

Теоретски, се работи за комбинација на црвена и виолетова. Психолошки, пинкот е пасијата, енергијата на црвената и интроспективниот карактер и енергетскиот баланс на виолетовата. Ако навлеземе подлабоко, ова е боја која има влијание на личниот духовен развој. Ја засилува интуицијата. Психичката стабилност. Посилна е од секојдневните трагикомедии. Боја која помага да делувате свесно. Мислите чисто. Сакате искрено.

Се препорачува да се конзумира одговорно. И да не се меша со енергетски пијалаци. Бидејќи сама по себе е кофеинска бомба за периоди на несреќа, бес, фрустрација, муљ расположение и разочарување. Ова е, драги мои дуватори, боја на внимание, себе-почит и задоволство од самите себе. Налик уште пар бои во спектарот, психолозите ја поврзуваат и со толеранцијата, поддршката, прифаќањето на различноста, трпеливоста и контролата на внатрешниот глас.

За вашиот ветерничар, пинк е бојата на мојот живот. Пинк е Сатја. По два основи – првиот идеолошки, вториот нумеролошки. Хаха.

Под а – низ годините читање за пинкот и барајќи го бекграундот на нашата Платонова љубАв, ептен впечаток ми остави една модулација на горниов муабет во авторство на Patti Mollica во Colors Theory, книга за историјата на палетата и користењето на колоритните шеми од Среден век до денес. Својата перцепција за магентата ја црта со зборовите:

„Боја на универзална љубов.”

Ба-дум. Универзална љубов. Во доба на изместени критериуми и патолошки емоции, универзална љубов е реална колку идејата за апсолутен мир во светот. Но, нашиот универзум, си го правиме ние – самите. За мене, розевото е апсолутна љубов. А Сатја е универзална вистина. Непоправливиот оптимист пак е на сцена, и верува во универзалните вредности кои не прават луѓе. Генетско поклопување – најдено!

Под б, нумеролошката димензија е исто кул. И пред да си помислите дека треба да се пензионира наставничката што ми стаила двојка математика во основно оти не знам да бројам, стојте! Треба да е интересно.

Сатја = Пинк!

Глеате, пет на пет. Оти розевата се дере колку е јака!

Дали ќе се детали, кондури, капа, маица, алка, кондури (S. Series2 секако :))… Носете си розево. Дојдете си во клубот на розевите. И ако некој ви каже дека е „(внесете стереотип по избор) боја”, можете слободно да му кажете да иде, и „отпинка”.

П.С. Ако некој го најде Дејви, молам да ми го врати. За неупатените, тоа стара, прасечка розева маска за телефон, што ми ја имет снемено. Каква, не смеам да ви кажам, доволно за несаглам ме сметате. А мене тоа ужасно ми се допаѓа, во креативна смисла. Невермајнд, за наоѓачот на Дејви, награда следи! :)

П.С.2. Х, тенкс за маицата! :)

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply