Дап. Им влеговме дома и најпрво, им го изедовме сладоледот. Без усул им направивме русвај, им ја нарушивме приватноста и на расипана клима ги принудивме на следново: пентарање по плакари, на терпезариската маса и на софата во дневна. Наредно, ги пикавме у ќош ко деца под казна, забарикадирани во „џунгла“; потоа дијагонално и во другиот ќош (без да смеат да се свртат, ни да мрднат ни збор да не кажат, строго!)

Сепак Анастасија помина без рипање на креветот во спална (двајцата се извадија и од тепачка со перници) а на Раде, најпосле, му дозволивме од ќошот да се сврти кон собата… ама малку, само на кратко! Пројдоа и без да влезат во кадата но, мораа да се сликаат пред завесата од кадата. (Без никаква поента но, со концепт: капи на глава во тоалетот дома.) Имаа среќа до душа и што не им украдовме ниту еден пар патики (а имаа преубави), ниту еден од часовниците, ни од „Бартон“ и „Санта Круз“ маичките, ниту од велосипедите (Раде ги има три), ни од „заробените девизи“ на Анастасија… а можевме.

Барем се забавувавме (ние)… и си отидовме под импресии и посреќни од кога и да е, додека Анастасија и Раде останаа да го средуваат ломот…  ама отидоа на Матка после тоа, видовме некое story од пуканки со пивце, на десетина педи од Треска… Куртул, и од „Скопје се носи“, и од пеколните 39 степени тоа неделно претпладне кое брутално се стори во спурено попладне, без абер од ветре.

П.С. Ниту едно од собните растенија не беше повредено за време на „роварењето“ низ станот. Ако се исуши она „тажното“ (со четирите пара наочари за сонце) „Скопје се носи“ не ја презема одговорноста за истото. Беше и премногу „заштитено“ од  UV зраците со индекс 9! Припишете го на жегата, Скопје сепак беше во „портокалова“ зона.

И сосем „ватрено“ ќе ве стопли нивната приказна. Лета време, да, и точно е дека помина лето и пол оттогаш, и цел еден живот помеѓу но, автентичноста и спомените се тука. Сè уште под вивидни импресии (како и тогаш), запознајте ги во нивен полн сјај (како и секогаш) – Анастасија и Раде.

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply