Факт: Сакаме убави здолништа и кога температурите паѓаат, сакаме да сме дотерани, пред сè, да си го задржиме личниот печат и креативноста по кои сме препознатливи, а сепак да ни е топло и удобно.

Сонцето деновиве дополнително нè предизвикува и охрабрува да го поминеме викендот надвор, да складираме некоја доза на витамин “D” да посееме насмевки пред повторно да се укотвиме по канцеларии, пред компјутер, во папирологија, деловни состаноци, гужви и предизвици, предадедени на петдневната рутина.

Нашиот избор за урбан изглед е токму овој: пастелно-млечна блуза, нагласено “statement” ланче, плисирана ¾ сукња со совршен ефект на кожа и лаковани оксвордки со тегет финиш. Волнената капа ќе ви даде сосема неочекуван штосен твист, крзненото ранче, полн моден погодок, е практично за сите girl-gadgets во денот.
Дали ви имаме спомнато дека маслинаста е една од нашите омилени бои?! It works every time, добитна е во секоја комбинација. ;) Покрај „добитната“ боја, јакната нека биде и полнета со пердуви, загарантирано топла, истовремено раскошна и префинета.

Voilà! Уживајте целодневна со пријателите во Вашето фантастично издание и овој пат! Дозволете му на сонцето да ве „позлати“ од глава до пети со оној редок златен есенски сјај.

Magnetiк Group, благодариме за прекрасниот изглед на денот! ;)

Блуза – Max&Co

Сукња – Max&Co

Јакна – Max&Co

Оксфордки – Max&Co

Капа – Max&Co

Ланче – Pennyblack

Ранец – Pennyblack

Сите парчиња можат да се најдат во продавниците на Max&Co и Pennyblack во Ramstore Mall, Скопје, центар.

 

 

 

Spread the love
  • 3
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply