”Дали портокалот се вика портокал бидејќи е портокалов, или портокаловата е портокалова заради портокалот?”

Сакам кога во глуво доба, некој Гардијанец ќе ми даде идеја за блог. Сега па, како што се „боевно/тематски”, тоа е како aс. Во ракав. Посебно во случајов, кога на изборот бои кои ги носам одамна им пројде рокот, а бои кои ги сакам, речиси и да не останаа. Оти скоро цел спектар ќе го прошараме уште малце.

После тоа ќе имаме тест. :)
Нејсе, додека стигнеме до тестот, бои/тонови/ноти/слонови/вотеврворкс, денес ќе ви аблам за портокаловата. Без психологија, филозофија, социологија и остала палета божанствених наука, овој блог е за со нес, ладно, нематено. И цеден сок. Две приказни, забавни факти и просветлувачка етимологија.

12991847_10208434028035599_1849284955_o

А све је почело овако…

– „Синеее, портокаЛената топка ја дупнавте?”

Дап, една фина комшика која сега е на подобро место, ми створи опсесија према таа боја. Не поради самата топка, ами генетската модификација на називот. Генијално. И така „оранж”, стана портокалеНа. Као „бандЕра”, „ЖадЕ” (бразилскана серија, теквит?), и остали растечки јазични турбуленции. Додека сум се свестил дека не е баш со „еНа”, таа веќе била лингвистички редизајнирана. Денес, тотално свесно и намерно ја именувам така, макар другите мислат дека сум останал со моливот во ташна кога сум учел бои. Па, што? Кога може Fetty Wap да тврди дека „heSgottAGlockinn’isRarry’, i јас можам да си викам портокалено.
Портокалено. Портокалено. Портокалено. ПОРТОКАЛЕНО. #хехе

12970429_10208434027395583_1251270202_o

Нејсе, визуелно ја врзувам за уште еден мој многу драг човек, кој исто си сурфа на небесните бранови. Долга, портокалова туника. Едноставна, шиена дома. Знаете, уметничките фамилии генерално имаат анти-конзумеристички кодекс. Пре ќе скинам нешто, него да го купам скинато. Па така и ова… Ја врзувам за хаљина и коса. Кога го читам ова, многу портокалово сум имал во животов, всушност. Ама убаво, оти се работи за многу „племенита” боја. Боја на зајдисонцето. На тешкотијата со која последните зраци го напуштаат хоризонтот.

Убаво…

Нејсе, тоа е делот со прикаските. И историјата. Да не претераме со емоции сабајлечки, па да прејдеме на што сè портокалово ми гледаат очите, слушаат ушите. Само ќе ве буцнам, вие продолжете.

 

  • Гарфилд. Ах таа мачка е олицетворение на мојот Понеделник. Фрапантно мрзлива сајз плас творевина, која а отвори уста, радиоактивно зрачи иронија. Па има ли подобар репрезент на бојата? J
  • Тиква. Македонското чоколадо. Хаха. Ми се допаѓа таа архаична, воедно традиционална авангарда на бабите. Сепак, младинава е тотално анархо-ориентд. Не проаѓа муабетов. Јес да, јас сум бил жртва на малверзации од типот „тиква е поубава, од чоколадо ќе ти се расипат забите”.
  • Оган. Оганот е оригинално портокалов. Да, да. И мал оган може да направи голема штета. Во секој поглед. Емотивно, посебно.
  • Коса. Знаете дека џинџерите имаат ген за кој се предвидува дека ќе ги има уште извесен период и после – аш? Тажно. Уникатни луѓе. Познавам неколку, и покрај физикус, богами се и терсене „психикус”. Али, има генијалци – Ед ја редизајнираше светската музика и концепт за ѕвезда, денес во ПР светот познат и како „детето од пред Хародс”. Од актуелниве ѕвезди, Кристина Хендрикс од Mad Man, Оскаровката Ејми Адамс, Ема Стоун, Бенедикт Камбербач, оној од
  • Баскет. Апсолутно баскет.
  • Тигар. Оќее, не е само портокалов, али оваа боја му додава уплав на уплав ставата.
  • Будисти. Што знам, веројатно на монасите. Лаос. Тие делови.
  • Конуси за сигнализација во сообраќај. Не знам какви се во Скопје, ама мене ми се „омилени” стандардните, портокалови со бело. А изгледа и они мене ме сакаат – нон-стоп под кола ми се пикаат… А кога сме кај сообраќајот, портокаловата е бојата на моето нај-лејм оправдание што сум го дал на сообраќаец. Значи, поминувам на црвено.

– „Господине, поминавте на црвено…”

– ”Неее, портокалово беше…”.

Исходот, го знаете…

  • Ван Гог. „ Не постои сино, без жолто и портокалово.”

12986823_10208434026755567_1073038607_o

Има, ја има многу наоколу. А ретко ја приметуваме. Барем јас – моето око изгледа „реагира” на други бои. И ќе се коригирам. А и вие исто, би било убаво.

За крај, малце етимологија. Да се вратиме на воведот. Не, името не претходи на овошјето. Она што не сум го знаел, а има многу симболика за вашиот ветерничар, е тврдењето на лингвистите дека потеклото на зборот „портокалово” оригинално потекнува од старо Персискиот „narang”. Или од „naranga” на Санскрит. Хеј, значи јас и портокалот имаме ист етимолошки корен. Ф.к јес! :)

Покрај овие два, алтернациите ги создале старо Францускиот „orеnge”, Италијанскиот „arancia” и така натаму. Од втората половина на 16ти век, овошјето, кое воедно патувало од Индија, се именува исто како и бојата.

Закон.

Сакајте ја портокаловата. Ако имате аргументи против, сетете се на зајдисонцето.

Најчистиот дел од денот. Период на мир. И медитација.

A додека не ја процесирате како уште една од боите за кои се договоривме дека ќе ги отворите видиците:
„Sathya rata naranga!” :)

Spread the love
  • 1
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

2 Comments

  • WilliamBob says:

    I really enjoy the forum topic. Really Cool.

  • WilliamBob says:

    I just couldn’t depart your website before suggesting that I actually enjoyed the standard information a person provide for your visitors? Is going to be back often to check up on new posts Bogucki

Leave a Reply