闪光 ; briller; λάμψη; glitter; преведи ги како сакаш, Tinkerbell сè уште ќе ги распрскува и ќе носат среќа врз нас, обичните смртници. Клубовите во 70тите ако преживеале без нив, веројатно не биле клубови, од козметиката во минатото, Клеопатра, Bowie како и на сите магични самовили светките ни се сè уште меѓу омилените декорации.

Да, можеби ја гледаме праисторијата како сосема сив период, но и тие сакале да заблескаат, древните мајанци ги користеле овие таканаречени „mica flakes” во нивните пештерски цртежи, но само во „посебни“ прилики. Клеопатра и нејзините поданици додавале и смачкани бубачки за подобар ефект на светките. Е сега, во овие пошарени времиња, не поминуваме низ толку маки за да се осетиме магично, за тоа му се заблагодаруваме на г-динот Henry Ruschmann, кој во далечната 1934 наоѓа начин од пластика да ги изработува тие мали честички налик огледала, ја создава Meadowbrook Inventions, Inc, која постои до ден денес.

Од 1989 година па се до 2009, познато е дека се продале 4,500,00 килограми на светки. 72рата се појавува Bowie со неговиот скриен вонземјански андроген алтер его Ziggy Stardust и целиот тој светкав гламурозен лик со кој оди на тура. Рокерите ставале и светки на своите тапани, за кога ќе дојде тој голем биг бенг да заблеска, па дури и во самиот Биг Бенг се појавуваат светките како детаљ, а тоа алудира дека навииистина се можеби и меѓу првите (пазете хипстери) магии на светов.

Па дури и постои “Glitter Festival”, уметнички фестивал посветен на слободата на говорот.

Зарем ова не се доволно факти да ги засакате светките?

Spread the love
  • 24
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply