Сега се сетив на една убава ситуација: Првите менаџери на Џуниор забавите во Скопје бевме ние. – „Хард рок“дискотекава, деведесетите некаде, од нас почна Џуниор. :) И, се сеќавам, хит беа кожни јакни. Знаете кои? Оние со патенти и на рацете и од страна... едни као панкерски, може и „Панкерки“ да ги викаа... а ги има и сега јакниве. Всушност тој модел е „безвременски“, ко што се и Док Мартинс да речеме. И се сеќавам, цела екипа купивме кожни јакни ама сите купивме во различни бои! Јас имав црна, Нико - на „Сарма“ брат му, имаше црвена, Арко имаше бела, Ники „Аутомобиле“ имаше тегет, Масе имаше кафеава, Боро „Сектор“ не можам да се сетам... Ние бевме таа екипа таму ама бевме сите во различни. И знаевме тогаш да кажеме као, „Ај цела екипа вечер јакните ги облекуваме !“

„Тогаш генерално сите имаа многу повеќе и живеачката беше многу поевтина. Виски во диско дали едвај поминуваше 100 денари… Животот беше многу поубав, генерално. Ние го фативме времето на Анте Марковиќ. Тогаш марката имаше многу голема вредност. 100 марки беа 3.000 динари и тие 3.000 динари вредеа како сега, некои 6.000 денари ако не и повеќе. Баш тогаш со таа екипа го почнавме Хард Рок. 

Првите менаџери на „Џуниор“ забавите во Скопје бевме ние. – Хард рок дискотекава, деведесетите некаде, од нас почна „Џуниор“. :)

Имавме некаде 16-17 години и Џуниор беше наменет за средно школо, од прва до 3та, да речеме и 4та година. Се искачаше од 20-21ч до кај 23:30 скоро до полноќ. Исто како и сега, 12 веќе фајронт. Останувавме малку после крајот ама ни се приспиваше и нас… :)

 Тогаш немавме Фејсбук и немавме мобилни. Одевме од школо до школо и викавме луѓе. Договараш и девојки и дечки ама не како сега, пушташ еден евент и го пушташ кај 1.000 луѓе… Имавме флаери како покани, печатени листови во боја со нашите имиња или прекари и „бла бла“ – што ќе биде журката. И, одиш и даваш на рака ливче „покана“. Онака, делиш.

 Ги фативме најубавите времиња… и многу повеќе луѓето играа во диско.“ – Никола

Една „скопска“ ретроспектива за Скопје во изминативе 20-на години. Една поинаква „транзиција“ низ диска, кафичи, ноќниот живот, изгледот и имиџот на градот. Едни од најурбаните ликови, среќа се воедно и живи легенди и еден од најурбаните ликови, лично и персонално, со препознатлив имиџ и уникатен стил – Никола. Сега и тогаш.

 

**Голема благодарност за ентериерот и амбиентот до „Бистрò Бруклински“ на ул. Орце Николов и до „Плеј Кафе“ на Ул. Македонија. ;)

Spread the love
  • 336
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

One Comment

Leave a Reply