„Aло сива? Боја тука, ме слушаш?”

…Генерално, тоа е мојата слика за сивата. Као народ, верувам дека имаме многу слични преференци со сивата. Секогаш ни фали малку боја, плус. Но… Нејсе, убава е сивата. И мојот заклучок ќе биде позитивен. Ами, како би изгледал светот доколку е само црно-бел? Тиња,  да ви кажам право.

Нема да го тупам. Ќе бидам прецизен. Да не ја разводнувам многу.

Прво, сивата е ахроматска, заедно со црната и белата. Тон, не боја. Ама ич не берете гајле, нема да полагате колорит. Затоа, без збрки, удоле возиме – боја.

Бук каже да, во слободен превод, се работи за боја која ја бараат/сакаат оние кои се „ол-ин” кон својата цел. Внимателни, луѓе со интелектуална супериорност, посветени и фокусирани на своите задачи. И би се согласил. По нетов сум ја сретнал и како „симбол на архитектуратата”, со што и не би се согласил во целост. Освен ако не отпишеме цел опус пост-модерна архитектура. А кога веќе го знаете вашиот водител-ветерничар, сакам малце да ја „жигосаме” сивата со плусеви и минуси. Неутралност, интелигенција, стабилност. Достоинство. Одлучност. Мудрост, како апсолутна функција на слободното битие. Ова би биле плусевите, секако. Од другата страна на тон-картата – ладноќа, хибернација. Здодевност. Недостаток на самодоверба. Или батери лоу на животна енергија.

Да, од Достоинство до здодевност. Уште една потврда дека гледаме, како што ни гледаат очите. Се работи за не-баш-најреспонзивна боја. Неутрална колор перфекција, како што милува да каже мој драг пријател. Впрочем, сакам кога се користи во „ни ваму, ни таму” контекст. Од друга страна, љубителите на „боите” (на вашки, оние кои сивата не ја сметаат за боја, заедно со црната и белата. Да, да, ве има. ), би и доделиле Оскар за конформизам. Се појавува во потемна и посветла варијанта, во зависност од колор миксот…

…Значи, прилагодлива е. Како што сме и ние. На сите животни ср… оваај, ситуации.

Дајте црна навака. Да ја затемниме. Ахам! Има тука некоја мистичност, нели? „Маицата-на-Закерберг” тип на мистичност. Асоцијација на дистанца, која сакале ние или не, формира доза на формален авторитет. А кога сме веќе кај мистика и други надвор-од-овој-свет работи, која е најпознатата „сива маса” на светот? Па таа што најмалце ја користиме бе лујЏе.

Мозокот.

Емоушнлес, али моќна. Луѓето што си поштуваат сиво, генерално, си ги знаат своите граници. Знаат до каде ќе му дозволат на лудиот свет да им влезе во психа. Од аспект на колор психологија, попаметни од мене велат дека може да портретира „исцрпеност, монотонија, неинвентивност”. Ал во исто време и да биде визуелна експликација на вашата зрелост. Еј да, па седа коса. Ако вулгаризираме.

Значи, да запишеме: генерално, оние кои се „сивољуПци” знаат пар работи за заштита на своето јас од светот. Нивниот избор е стабилност, безбеден и балансиран живот. Играчи на сигурно. Можеби монотони, можеби не. Но во никој случај не им недостасува интерес и за она што е надвор од кутијата. Би додал само, дека овие луѓе навистина не сакаат да ги повредите. А и од оние што се околу мене, а се заколнати амбасадори на сивата – се работи за луѓе со одлична контрола на своите емоции. Нема слободно летање, оти следи слободно паѓање. Се пазат. И да ви кажам, баш им е убаво.

Лично, сивата ја користам и поимам како компромис. Со тоа што го мислам, правам. Носам, секако. Се работи за боја, која веројатно има највисоки оценки од целиот спектар, кога лафаме за „боја-основа”. Па така, секогаш е доволно атрактивна за да ја избереш, а никој да не ја примети. Ја сакам нејзината ненаметливост. Ја „нема”, а е сепак авторитетна. Да го упростам муабетов во „облекувачки термини”, никој нема да ве гледа попреку ако носите сиво. Добро, освен ако не носите една сива Старка, а една… кхм, чут Сатјо.  :)

Уште малце, и се одјавувам. Не ми се губете сега!

Зошто „сива+боја” ?

Не е заради тоа што немам чисто сиви алишта, па со Даниел ги сивосавме сликите. Нјет.

Нијанси на сива се добиваат при најразлични комбинирања. Но, оние што сите „на прва” ги замислуваме кога ќе прочитаме сиво, се стрејт сивите тонови, кои генерално и сите ги купуваме и носиме. Е баш тие, идат со сите бои. Ако ме прашате мене, нема да направите утка. Ни за бои во кујна, ни за постелнина во спална. Ни за облека. Кога немате што, облечете си сива маица. И што ви дојде друго.


Ма, бидете уметници. Сивата тоа го дозволува.

A ако толку сте запнале да сте само сиви, добро. Нека ви биде. И такви ве почитувам, секако. :)

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply