…Плава де, да не глумиме Енглези.

 Ова ќе биде убав текст. Убав, зашто има нешто во воздухот – се буди природата и го чисти небото. До границите на возможното. До каде ни гледаат очите. И летаат мислите.

Но, добро. Не е само небото, сино. И модрото око е сино. Значи, како што и досега си „учевме” – секоја позитивна квалификација на боите си „повлеквит” и една тапа. Но, модрото око, некогаш може да отвори ум и дотера памет. Така да, во ситуацијава, дозволете, да детектирам арно во злото.

Нејсе, како и цел период, и денес очиве, лошо, не ми пулат. До лумбалново на столов ли е, до линииве ли е, до адетот да се биде позитивен ли е. Сакам кога се сите позитивни, така полесно ќе итаме отаде од планините на глупавоста.

Нејсе на квадрат, да си прикажеме за плавата. Веќе деловнички, и оваа боја сакам да ја расчленам на три глави – плавото на небото, плавото во очите и роденденското плаво – сината табла која сите вие, ја сакате.

Па она, каже…

Магистер дудук по астрономија, сум ја. Ама стварно. Појма немам. И си признавам. И за какви било комплексни електро-технички ствари…ме нема, не ме барајте, на боловање сум. НО, мислам дека и Марсовците го следеа симнувањето на новото ракетче на Маск на подвижна платформа. Фантастично. Доказ дека човековата интелигенција е сè уште тотално неистражена, а веќе робува на тоа што го достигнала. Тажно, ал вашиот Ветерко верува дека ќе се реши ова. И така, додека Маск си слетува ракети, а филмски дизајнери му дизајнираат Ајрон-мен одела за првата експедиција на Марс, НАСА открива фотки од евентуалното „лендинг место”. И замислете, црвената планета не била сосема црвена. Напротив. Многу плаво на Марс. Ама МНОГУ.
Баш има симболика. Кога нешто не иде, погледни нагоре. Плавата е и боја на промисленоста. Теоретски, боја на најдлабоките животни потреби. Велат, дава насока. Велат и дека, влева доверба. Не знам… Мене ме смирува. Чисто небо е Бедоксин. Не на основа на билки, туку на чисти перцепции.

Баш затоа, често споделувам небо со Јасна. :)

Как и да било, на небото можете да му погледнете во очи?

Не…

3

Ама, можете на КаЊе!

Е драги мои, овој лик или го сакате, или сакате колку го неќете. Средина, никс. Сите елаборации ги прифаќам… Последниве години, кидна со умот. Ми делува дека креацијата му ја „испи” свеста. Но, добро. Според мене, момакот е еден голем уметник, кој ја експлоатира нашата слабост да судиме нешта според стереотипи. Бај д бук пример за правење име од желбата за суд на публиката. Одлично му оди, и апсолутно го поддржувам.

СаКањеее! :)

Темата е – КаЊе на МЕТ. Чоекот си дојде со плави леЌи. И ураган Катрина пак ја удри Америка. Ќе речете банално, ама од играчка – плачка…

Накратко:

КаЊе носи плави леќи. Зошто? Он одговара, „vibes”. Али, тука има една длабока паралела која афро-американската култура ја влече уште од периодот на ропството. Бијонсе во една трака од Lemonade вика „…girl with a good hair”. Во превод, зборува за стереотипот за убаво, кој на времето не ги вклучувал темната коса и темните очи, наспроти правата, свилена коса и светли очи. Темните, биле за темни луѓе, а темните луѓе биле маргинализирани и злоупотребувани… „The Bluest Eye” е книга која е библија за убавината на црнците. Девојка, тоне во својата апатија заради својата „неубавина”. Не ја наоѓа, и завршува во лудница. Значи, осетливоста на оваа тема е неразбирлива за нас, но секој кој минал ден во Америките, знае. Чувствува. И со такви работи, човек не треба да се зафркава. Не е ова далечна историја. И уште боли.

И така, КаЊе, според многумина, претера со КаКаЊе. И Наоми Кембел ја распнаа за иста работа пред пар години. Удри ли по „своите”? Не верувам. А го распнаа. Мој став – удри кај што боли. (Не)намерно.

Како и да е…

 

…Сината има историја, и историски често е врзувана со чиста убавина. Ариевски – мариевски раси и тн… Нејзината чистина, различната поетика која нијансите можат да ја пропеат, ја направиле да биде посебна. А факт, има нешто многу убаво во неа. Стаклен отсјај кој или го гледаш, или вртиш глава од што ти е „крипи”.

Whitewalker-ите фор егзампл. Тоа е језа со кромид, во лепче, за носење.

И за крај…

Пред повеќе од година, можеби ипол, ми се јавија две девојки од нов, супер-интересен портал „Скопје Се Носи”, да ми направат профил. Се согласив, но не знаев за што се работи. Сликавме, си помуабетивме. Доооолгиот муабет, резултираше во супер интересен профил, под име „Вистина”.

Тоа што ме импресионираше, беше нивната желба да ме претстават во мојата суштина. Онаков каков сум/не сум. Да го извадат најдлабокото од мене, она што ме поттикнува да ги правам работите што ги правам.

Фасцинантно. Ново. Знаев дека, ова ќе биде големо.

Малку подоцна, со истите две девојки, кои ги запознав уште подобро, ги договоривме „Ветерници”. Експериментален концепт, кој го имав во глава, и верував дека Скопје Се Носи ја има најдобрата публика за него. Воопшто не погрешив.

Повеќе од година ипол од интервјуто, а година од постоењето на Ветерници, може да направиме рекапитулар.

Јас сум среќен човек.

Среќен да сум дел од мултимедија, кој успева да ја извади суштината од луѓето. Умее да црта со туѓи емоции. Маневрира низ просечноста со авангардни весла. Дечки, тука ем се прави историја…

…ем се движи Скопје напред. Кон она што треба да биде.

Ана/Елена, како мајки на Скопје Се Носи, од срце ви го честитам вториот роденден. „Малото” порасна, расте и се развива, многу побрзо од сите очекувања.

Сепак, морам да Ви кажам дека јас си го чувствувам и како мое. Посвоено. Ама мое. Бидејќи, имаме иста мисија за која е потребна многу енергија, а која веќе година дена ја канализираме заедно.

Сината боја, секогаш ќе биде моја, врзана со првата асоцијација за неа – нашата табла. Плава. Без конкретна адреса и број.

Зошто нашиот дом е Скопје. Нашата улица е Скопје. Нашите срца се во Скопје.

Ана, Елена, Сатја… и сите вие.

Ние го носиме Скопје.

А Скопје ќе Се Носи и понатаму!

Се гледаме на роденден! Вечер! Синдикат!

Spread the love
  • 9
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply