И не дека треба Валентин да наближи за да почнеме да забележуваме но да, ќе ја искористиме пригодата да кажеме и одбележиме и отпоздравиме… за разлика пак од пригодата, вистинските љубовници и вистински заљубените се во секое доба од годината спремни да се изјаснат од срце и да водат љубов макар и биле одметници и осудувани од тазе фасадите и поборниците за „личен“ град. Пораките што ќе ги видите овде се 0,1% од стотиците низ градов, колектирани во изминативе 6-7 месеци претежно низ централното подрачје на Скопје, две од нив веќе споделени со Вас во изминативе година и пол. Вистина е дека не сите локации се „покриени“ и факт е дека многу од долгогодишните „исповеди“ се веќе покриени… со диво-градби, грди, убави градби, неартикулирани градби од секаков тип и намена…да, некои се избледени, заборавени, легендарни- сведоштва и љубови. Како што и бидува. Едно е сигурно, Скопје е полно ЉУБОВ. Понекогаш е доволно само 1+1 без разлика на збирот, исходот и последиците. „Јас да си кажам, па сега ти види си…“ Погледнете околу вас, видете си, математиките на страна. 

Spread the love
  • 33
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply