„Затоа што не сакам позадина од бела хартија. Жената не живее пред бела хартија. Таа живее на улица, во кола, во хотелска соба.“ – Хелмут Њутон

Во име на генијалната изјава на легендарниот германски фотограф што во потполност ја отелотворува современата жена на денешницата, би сакале да споделиме со Вас едно ексклузивно, сосема интимно претпладне, токму во „срцето“ на градот… Соба 704, хотел Marrriott, и Ана во совршена, внимателно избрана елеганција.

Зад зборовите на Њутон ја препознаваме жената на своето време денес – онаа со дух, нагласена индивидуалност, урбани секојдневни пејсажи, динамична и сигурна во својот чекор и своите избори, со суптилен, дозирано скокотлив, интелигентен  хумор.

Основата на денешниот изглед е игриво јагне на сив џемпер со класичен крој на црни, тесни 3/4 панталони; „tassels“ ременче на половина и нашата омилена, неверојатна лакована штикла. Црвен, впечатлив  капут за свежина во овие сиви, зимски денови а за посебен шарм и гаранција дека нема да останеме незабележани, ретро сив шешир. Накитот е секогаш и повеќе од добредојден, а женствената силуета, што сево заедно ја истакнува, е, безгрешна.

Предадени на претпразничното расположение кое дискретно го најавуваат тоновите на целата комбинација, и за оние кои неизбежно, љубопитно вртат глави, изгледаме моќно и сигурни во нашите избори, повеќе од кога и да е.

Капут – Pennyblack

Панталони – Pennyblack

Џемпер – Pennyblack

Чевли – Max & Co

Шал – Pennyblack

Ланче – Pennyblack

Алка – Max & Co

Чанта – Pennyblack

Шешир – Pennyblack

Супер благодарни до екипата на „Magnetik Group“ Скопје, бренд амбасадорите на Max&Co и Pennyblack кои го овозможија целосниот outfit на Ана до детал. ;)

**Посебна благодарност и до менаџерскиот тим на Хотел Marriott што ексклузивно и срдечно ни го отстапи метрополитскиот амбиент – соба „704“.

 

Spread the love
  • 39
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply