Сите тие се страшно креативни, ителигентни, и секогаш со беспрекорен „стил“. Впечатливи, архитектурата неизбежно им е пресликана и на облеката што ја носат, ги препознавате од далечина. Претставителни се и го имаат тоа „држење“. Имаат СТАВ. Генерацијата студенти запишани 2006 година на Факултетот за архитектура во Скопје, ги сподели својот СТАВ и ВИЗИЈА отворено и несебично, самоуверено и со стил, изложувајќи ги јавно сопствените дипломски трудови. Далеку од наивни младински идеалистички школски сработени задачи. Базирани на нивните уникатни и свежи идеи и млад дух, всушност се смели и успешни архитектонски проекти, високо квалификувани од светски ранг; и секако изводливи, во чекор со современите стандарди на архитектурата. За воодушевување и подршка на младинската генијалност, за личен поттик и инспирација, дипломските трудови ќе ги најдете изложени во Младинскиот културен центар, над фоајето на „Фросина„ и утре. Изложбата ќе продолжи во кафулето „Ли“, на „млечен“ до 26 јуни. Архитектурата и ставот… да, отсекогаш оделе заедно! Дизајнирана порака, со „стил“.

1-W1200

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply