Италијанскиот индустријалист кој раководел со Fiat во џет-сет ерата, бил еден од неколкумината мажи со најдобар стил на 20 век. Многумина се обиделе да бидат Џани, но неговата елеганција останала отпорна на имитација.

Велат, на крајот, кога парите се изгубени, останува само стилот – низа гестикулации кои не потсетуваат на животот или на одредена негова етапа. Иако Наполеон одамна го нема, мажите на вечерите носат манжетни бидејќи Малиот Каплар сакал да ги одвикне своите војници од ужасната навика да го бришат носот од своите кошули. Arnold Rothstein е минато, но мажите сè уште носат „купче” пари во предниот џеб – навика излезена од неговиот страв од гангстерските дружини. Вистинските визионери се пример не само за луѓето кои ги познаваат, туку и за „пријателите на пријателите”.

Знаете, културата во целина значи – луѓе копираат луѓе кои никогаш и не ги запознале.

Времето минува, а навиките остануваат. Во изминатиот половина век, веројатно не постои човек кој бил повеќе „имитиран” од Gianni Agnelli – италијанскиот индустријалист, сопственик на Fiat и „плејбојот над плејбоите”.

Неговиот стил бил повеќе од облека – авангарден став или филозофски одговор на апсурдот.  Неговиот пример, може да ве научи како да живеете. Како да се однесувате. Како она што е навистина тешко, да го направите да изгледа лесно (или како што го нарекуваат Италијанците, spezzatura).

Американците ги нарекуваат „гонзо” – според Haunter S. Thompson, тоа се луѓе кои „учат да летаат, со тоа што ќе паднат од авионот”. Agnelli бил гонзо на свој начин – дури и кога ќе се појавел во чизми и „утка” машна, тој  бил spezzatura – всушност, знаел да лета цело време. „Кога не беше перфектно облечен, тој не беше свој”, вели Taki Theodoracolupos, или писателот/колумнистот/син на бродоградителски грчки тајкун, воедно еден од последните живи членови на блиското социјално опкружување на Agnelli. „Кај него, ништо не беше случајно. Или, да го формулирам поинаку, беше направено да изгледа како незгода, што го правеше стилски уште поуспешен.”

Токму неговата стилска незаинтересираност е она што луѓето пробале да го копираат – неговата „casual” префинетост и чувство, кое сугерирало дека би можеле и вие да сте Аgnelli, доколку имате исто толку пари, педигре, самодоверба, среќа. Неговата магија била таква што изгледа како да се подготвувал во темница, а сепак изгледал совршено. Рачно скроените кошули, со „miss-match” одело – сè било погрешно, а правилно. Висок и виток, со крупни очи и интелигентна физиономија. ”Секогаш имав чувство дека е специјален, харизматичен”, вели Ginevra Elkann, неговата внука, која воедно води арт галерија во Торино, со поставка составена од уметничките парчиња во сопственост на нејзината фамилија.

„Атмосферата се менуваше, во мигот кога ќе влезеше дома. Возбуда. Знаете дека нешто ќе се случи, кога е тој во близина.”

„Беше елегантен, и знаеше прекрасно да ги носи своите алишта”, вели Таки. „Требаше да биде танчер, не спортист. Беше граден како момче, со широки рамена. Алиштата „спиеја” на него, баш како што дизајнерите замислиле”.

Дури и да ги затворите вашите очи, повторно ќе го видите на кориците на списанијата – во едноделен ски костум на швајцарските падини со цигара во устата или, стоејќи пред новата линија на Fiat, предизвикувајќи ве да ја направите „математиката” на заработка. Или можеби, рипајќи гол од јахта на Медитеранот. Можеби во книга на Maurice Sendak…

…со „големи зборови” – безгрешен, педантен, ноншалантен. Аристократ и тотално неформален господин, во едно.

„Неговиот живот беше неговата уметност”, вели Robert Rabensteiner, модниот уредник на L’Uomo Vogue.”Луѓето со кои комуницираше… тој го пренесуваше својот стил на светскиот џет сет: Henry Kissinger, Jackie Onassis, J.F.K. Живееше убав живот, и најважно – живееше уникатно”.

Неговиот стил, е производ на неговата биографија – роден во 1921, наследник на една од најпросперитетните италијански фамилии. Пораснал во Торино, а летата ги минувал на карпите и луксузните речни корита на Југот. Неговиот дедо, Giovanni Agnelli, бил богат земјопоседник и основач на Fiat, првата италијанска компанија за изработка на автомобили за широка потрошувачка, Некогаш нарекуван „италијанскиот Хенри Форд”, Giovanni ја следел италијанската преференца на грижа за стилот. На овој начин, семејството Agnelli, е производ на индустриската, „инфлаторна” ера на машините. До 30тите, Fiat успеа да се искачи до најмоќните скалила во италијанската економија.

Gianni имал 18 години кога Втората војна започнала. Со две прострелни рани од рускиот фронт, бил префрлен во Африка, каде возел армиски возила направени од неговата компанија. Легендата вели, дека третата прострелна рана ја заработил на најопасното „бојно поле” – во бар. Веројатно, поради девојка. Од рака на германски офицер. Се ширеле гласини дека иако бил застрелан во раката, сепак успеал да си ја доврши пијачката пред конечно да си отиде од барот.

Американците по влегувањето во Италија, го натерале неговиот дедо да ја предаде контролата над Fiat. Причина – изработувал тенкови за фашистите. Неа ја презел извршител, кој ја водел доволно долго за внукот да созрее, и ја преземе. Падот на Рајхот, Битлси и Пакс Американа, го донеле Gianni Agnelli на тронот. Во неговиот зенит, Fiat бил најголем работодавец во Италија. А внукот, најважниот индустријалец во државата, неретко нарекуван „некрунисан крал на Италија”. Agnelli бил доживотен член на Сенатот.

Од прекарите, уште би издвоиле „L’avvocato” (заради неговата диплома), и “Rake of the Riviera” (зарем е потребно објаснување?!).

Еден од најпосакуваните ергени во историјата на џет-сет културата. “James Bond of vroom”. Пред (и за време на) неговиот брак со Donna Marella Caracciolo di Castagneto, познати се аферите со Pamela Churchill, Anita Ekberg, Jacqueline Kennedy. Мегу другите…И неговата жена била стил икона. Таа била позната по нејзината висина и класичните црти на лицето и била дел од листата на најдобро облечени во 1963 за на крај да стане член на Дом на славните.

Набрзо бил опколен со „acolutes” – богати, млади мажи кои во Gianni гледале постар брат, или духовен водач. Gunter Sachs, Porfirio Rubirosa. Таки. Имиња кои асоцираат на приватни авиони, песочни приватни плажи и мартини во Мурано чаши. Овие луѓе го копирале, а тој – почнал да се однесува како човек кој го гледаат како пример.

Главната состојка на неговиот стил бил квалитетот. Требало да си богат, за да се облекуваш како Gianni. Ги носел само најквалитетните одела, рачно моделирани од Caraceni. Исклучиво, со Battisoni кошули. Сепак, подоцна одлучува да го растури овој стереотип, баш како изработувач на американски “muscle-cars”. Или како дизајнер во Fiat.

„Елеганцијата на Gianni беше екстремно добро простудирана”, вели Таки. „ За време на неговото враќање од Америка, по војната, луѓето во Италија пробуваа да ја изградат државата одново. Тој беше првиот европеец кој ги откри браќата Brooks. Во 1958/1959, носеше Brooks кошули, со откопчано копче на јаката. Гледајте во контекстот на времето. Сè што правеше, беше различно. Своевремено, „униформа” за секој млад човек беше бела свилена кошула со многу, многу злато околу вратот, лесни пантолони и секако, еспадрили. А Gianni носеше возачки чизми, тесни (не претесни!) пантолони, и „button down” кошули. Одеднаш, сите почнаа да се облекуваат така. Сите го копираа Gianni.”

Со ум на модерен архитект, неговата форма ја следела функционалноста. Неговата иновативна природа пак, била водена од околностите. Без орнаментика. Што довело до негови „потпис” гестови, кои Таки ги нарекува „триковите на Gianni”.

  • Трикот со часовникот: Agnelli носел часовник. Fratello, најчесто. Преку ракавот. Тој велел дека тоа е така, бидејќи е зафатен индустријалист кој нема време да ги засука ракавите за да види колку е часот. Сепак, според некои приказни, вистината е поинаква. „На времето, Brooks кошулите биле доволно широки, за да соберат часовник”, вели Таки. „Сепак, попладневните кошули на Gianni од Battistoni, беа многу, многу тесни, па часовникот и не го собираше. Затоа, го носеше врз ракавот. Прв почна да го копира Fred Hughes, па сите останати. Денес, одете на нуркање во Lower East Side со вашиот часовник врз манжетата, и некое дете може да ви дофрли: Ооо да, трикот на Agnelli!”.
  • Трикот со чизмите: Иако повеќето носеле „loafers” со одело од 10.000 долари, Agnelli ги инспирирал младите со чизми за планинарење – моден трик кој веројатно би го очекувале од Jay-Z. Тоа била приказната на Agnelli преку симболи: работа и одмор, грубост и елеганција, високо и ниско. „Всушност, тоа беше заради неговата нога”, вели Таки. Во 1952, по расправа со внуката на Winston Churchill, Gianni излегол со едно од неговите возила, и возел брзо. Некаде близу Monte Carlo, се судрил со камион. Амбулантите пристигнале брзо. Докторите успеале да му ја спасат ногата. „Мораше да носи чизма на десната нога цело време, бидејќи неговото стапало никогаш целосно не заздрави”, објаснува Таки. Земајќи ги сите околности во предвид, трикот со чизмата е вистинско вадење на плус од негативна животна ситуација.
  • Трикот со врската: Во неговите зрели години, Gianni почнал да бара вратоврски со тенок дел, подолг од поширокиот, „дебел” дел. Ако друг човек се појави и изгледа така, ќе се смета за несреќна грешка: Глупаку, сигурно си се облекувал во такси! Agnelli успеал да го направи ова, ултра-имитирана претстава. Во турбуленти времиња, како лидер на италијанскиот капитализам, човекот бил под константен притисок од Црвените бригади и останати радикални групации. Во оваа конфигурација, предниот дел на вратоврската бил „пресечен” од задниот – “the last will be first”. „На почетокот, никој не забележа”, вели Таки. ”И тогаш, Gianni се појави на утринската емисија на ABC со ваква врска. Ова Ed Koch би го направил, зашто не знае. Gianni го направи намерно. Го направи за да го привлече вниманието – и успеа. Дополнувајќи го со една од најдобрите забелешки за верноста: Тој кажа: ‘ Можете да сте добар сопруг и да се „глупирате”, или да сте многу лош сопруг и да сте верни’. Имаше толку многу смисла…”

Кога зборуваме за оние кои го копирале, Robert Rabensteiner тоа го нарекол ‘Agnelli paradox’ – најкарактеристичниот негов елемент бил тоа што било невозможно неговиот стил да се ископира. Со неговото имитирање, го уништуваат неговиот дух и баш она, што се трудат да го ископираат. „Многу италијанци, посебно бизнисмени, сакаат да бидат како него”, вели Роберт. „Тој беше Gianni Agnelli. Икона. Но, никој не разбира. Никој. Не се работи за облеката. Суштината е во карактерот. Може да ве инспирира, но треба да го пронајдете својот стил. Не е само убавината во носењето на часовникот врз кошулата – тоа е нешто уникатно, што постоеше во елеганцијата на неговиот ум. А да имаш елегантен ум, значи да те интересира сè: уметност, дизајн, коли, спорт – сите работи кои „зрачат” убавина. Последните пати кога видов луѓе со „трикот со часовникот”, ми изгледаа смешно. Бидејќи гледате човек кој копира. А човек кој копира, скоро секогаш е погрешен човек.”

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply