…Не е само интерпункциски знак. Како што еден мој пријател често знае да ме подучи: „Точката на крај на реченица кажува повеќе од самата реченица”. 1000 зошто, 1000 затоа, отоа-потоа…

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Здраво. Јас сум Сатја. И сум си среќен ветерничар”. Е така, веќе има три точки. Примети некој? Никогаш не сум бил дотолку умствено ангажиран на темата, за да го протолкувам повеќезначното лингвистичко/стилско/животно-образувачко послание на литературните магови од минатото. Се додека вие не реагиравте супер на паралелите со пругите, па да се дадам во потрага по секојдневен збор, кој иако е многу битен, е станат визуелно ирелевантен. Работејќи на Series2 на мојот сакан бренд Signature (кои за првпат излегуваат во јавност токму тука, па можете да ги видите на сликите. Јеи!), еден колоритен нанос со четката ми остави линија од – точки. Бре мајката, стигла је Еурека! Кроце-покроце, одвоив три сериозни думачини – прво, од каде тоа точките си влечат генеза како стилски додаток. За Ана и Елена да не ме фрлат од високо зошто ве оптеретувам со филозофија, ете милионерски факти во продолжение проследени со елаборација зошто дотс-овите никогаш нема да бидат стилски промашај. Вторите два аспекти, се однесуваат на точка како цел, и каде на точката не и е место.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Спремни? Да се точкосаме!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Веројатно најпознатата асоцијација за точки е Мини Маус. Дизни, при создавањето на овој култен лик, инспирација земал од Мис Америка, која се сликала во костим за капење, кој претпоставувате – бил точкаст. И така тргнала голготата на точките… DotsMania во 30-тите – период опеан од најголемиот мафиозо меѓу музичарите, Френк Синатра во нумерата „Polka Dots and Moonbeams”.  Во 50-тите, пак музика и мода – Мерлинка носи точкаст купаЌ, Brian Hyland праи хит со назив „Itsy Bitsy Teenie Weenie Yellow Polka Dot Bikini”. Спот принтовите се посебно „јаки” во 80-тите, реално. Тогаш и се прави дистинкција: dotted-Swiss да ти биле транспарентни точкици; „quinconce” – дијагонален аранжман ала коцка за табла; „thaler” –  гоооолеми точки, ко парички, наредени во совршена текстура; полка точки – крстени по популарниот танц и тогашната „полкаманиа” во Европа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Многу точки бре, се збунив.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сигурно не знаете, ама пред Крис Еванс, Скарлетка и остала екипа да ги реинкарнираат и модернизираат Марвеловите стрипови, дел од нивното наследство се и доста надувани ликови, кои веројатно само авторите ги толкуваат како реална форма на супер-херои. Пример, „Polka-Dot Man”. Овој, „многукратно опеан супер лик”, користејќи ја моќта на полка точките, ги сакател непријателите… Некој да ми даде нож, да си пукнам во колено?!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сеедно, стилската генеза на дотс-овите би ја резимирал со преглед на поавангардни, но и помодерни „ствари“ на кои први се сеќавам. Да речеме, ЦД-то на Дилан „Just Like Tom Thumb’s Blues”, авангарда на блузот и епопеја на несфатеноста, носи кавер каде Боб носи точкастa маица. Од областа на ликовната уметност, има низа „поинтилисти” на чии изложби радо би тркнал – Georges Seurat, Paul Signac, Maximilien Luce, Camille Pisarro, Chuck Close, Roy Lichtenstein. Еден Van Gogh е поинтилист. Monet и Bazille исто така.  Фраери и фраерки кои го гледаат светот низ призма на точките, како центар на нивната композиција. Вррррт, назад во иднината – ви текнува на „Don’t Speak” од Гвен Стефани? Видете го спотот. Мајкл Китон, Џорџ Клуни за W Magazine, Гордон-Левит, Адам Левин. Сè луѓе во точки. Авангардни и денес. Ќе бидат авангардни и утре.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сепак, да се фокусираме на една друга димензија. Да ја тргнеме текстурата, и да оставиме една точка во просторот. Што таа точка би симболизирала, драги мои?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Едноставно е. Точката често е асоцијација за – цел. Кон што тераш, а тешко се водиш. Да станеш во тмурен ден во 6 сабајле, на пример. Или да го остварите тоа што сте го пишале како годишна цел на новогодишното ливче оставено под елката. Не е лесно, да оставиш една точка, и да градиш композиција околу неа. Животот не е слика. Апстрактноста на животната точка во секојдневието достигнува екстремни форми. Тешко е да се најде. А и кога ќе се најде – тоа е како да бркаш глушец во фабрика за сирење. Остани фокусиран. Диши во ритам. Сурфај по сурови бранови. Естетизирај со свои зборови. Генерално, можам да заклучам, дека сите ние сме поинтилисти во тоа што го правиме. Зошто во некоја ултимејт прочистена форма – нашата цел, е нашето Сатја – космичката вистина за нас, кон која се стремиме.

Да немаме цел, нема да сме мотивирани. Среќни?! Уште помалку.

Често потенцирам дека е потребно да си уметник во животот. Одмерен кон другите. Бескрупулозен кон себеси. Малце радикален, но топло препорачлив пристап за наоѓање на вашата тАчка. Ако можете да поднесете, нека бидат и повеќе точки. Секој талент вреди да се негува и да се стремите кон негово унапредување. Ако супер пружам алишта – па целта ќе ми е да сум најдобар пружач во градот. Ако собирам беџови – точката е мојата колекција да е најдобра. Нејсе, разбирате. Точка или цел, сеедно. Go for it!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Од друга страна, точката значи и крај. На реченица, животен пасос, етапа на развој. И тоа си е така, не го спорам. Би го полемизирал фактот, кога таа точка треба да се стави. Мојата копирајтерска кариера, ја обележува еден коментар на мој пријател, воедно соработник и литературен/животен ментор, кој секогаш ме карал: „Не ставај точка. Остај три точки… Не се докажувај, нека има нешто плус. Секој има нешто да додаде”. После сериозен отпор на темата, укапирав дека всушност се работи за чиста вистина. Уметност е да знаеш дека твоето не е последно. Естетика е да знаеш дека секој приоѓа на работите од различна страна. А чувството да знаеш дека не секогаш твојата точка е исправна, е магично. Така што, скромно би препорачал – три точки, наместо една. Секоја приказна треба да има можност за уште продолженија…

Гледате, дури и поубаво изгледа. Во оваа димензија, дали како интерпункција или животна пресвртница, ставањето точка тешко се менува. А речиси невозможно е да се избрише. Затоа, мили ем драги мои ветерничари, внимателно со точките. Оти некогаш, точката е најлошото можно решение за дадената ситуација.

Толку од мене. Сега ако сакате, на фан пејџ можеме да играме икс/точка.

Или конект фор, мојата игра од детство. Добро, тоа се кругчиња, но да ја запазиме формата, молам. :)

П.С. Сите коментари за Signature Series2 се добредојдени. А бидејќи знам дека сите ќе се пронајдете во барем една од Sky/Fire/Attitude/Orient боите, тркнете до Инстаграмот (@signaturemkd), за детали и нарачки!

Spread the love
  • 5
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply