Му недостига на Скопје една добра цврста рака да го врати во нормала, како што гледаме го удира дното на сопствениот стил. Чинам дека е уникатно по скриените ќошиња, неколку мали и удобни кафичи, и најважно - по луѓето што шетаат низ него. :)“Од време на време ќе ја видев од далеку или ќе наидев на неа случајно, разминувајќи се на пешачката зебра кај Цека. Многу подоцна сфатив дека оние сочни лососи и генерално необични но привлечни порции храна (често пати сладоледи), креативно портретирани, сончеви и колоритни фотки, со музичка и уметничка ‘нота’, надополнети со досетливи описи и коментари на Инстаграм се всушност лична колекција токму на нејзиниот профил.

Не ја познавав но, случајните средби зачестија, размената на искрени лајкови по социјалната фото мрежа исто така, како да се стеснуваше кругот и беше само прашање на време и прав момент. Премногу неонско-трепкави „стрелки“ речиси како светлечка реклама сигнализираа во нејзин правец, луѓе воедно посочуваа на неа. Дојде некако, природно, „денот“. Деновите на блиски и „тралала“ средби со неа. „Ќе ги понесам со мене Доминото и лажичката за Апсинт“, „Некој сообраќаен знак на улица ќе ни заврши работа!“, „Сакам да зануркам во светки и да излезам целата блештава.“

Се сретнавме во екот на мај и на залезот на септември каде горенаведените несекојдневни реченици си дојдоа на свое место како поводи. Со крупни и искрени очи, секогаш весела, секогаш во слоеви и во живописни бои, но слеана како свежа вода што тече и сè помудра за своите „тралала“ години. Во редок склоп и избор на мисли, ја краси оригинален говор, стил, по малку меланхоличен но ведар и слободен дух, позитивна во свој неверојатен „палав“ меур, со „светки“. Тропа зимата на врата, со задоцнување но со цело срце, „Тралалајка would suffice?!“ :)  – Умешно и посоодветно, здравје, таа се има себе-сумирано.

Spread the love
  • 4
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply