За почеток на есента, пробајте еден поинаков утрински ритуал кој ќе ви даде свежа перспектива и ентузијазам. Ако не сте сигурни што всушност да правите, еве ви неколку идеи. Одберете го внимателно вашиот аутфит за денот, кој ќе го отслика вашето добро расположение и став. Наша препорака е совршената комбинација од функционалност и беспрекорна елеганција, во кој со сигурност ќе се чувствувате – добро во своја кожа! Евергрин парчето, бела кошула, овој пат со твист, носете ја со коланот околу половината за поженствен изглед или пак околу вратот за „tomboy“ момент. Црни, широки панталони чија лежерна сошиеност ги прават идеални за вашите работни часови во канцеларија. Потоа, сако кое ја следи линијата на телото, за полн моден погодок. Разиграјте со црвен кармин, вашата омилена марама лесно замотајте ја околу косата. Угодете си и посветете си неколку минути само за вас, простор за уживање. Попатно почестете си се и со букет од вашиот омилен цвет. Испијте го кафето во некое локално кафуле по ваш мерак, во пријатен амбиент (лежерно како мачето што случајно ќе го сретнете, комотно сместено на соседната фотеља), средете ги мислите и спремни  – зграпчете го денот!

Нов предлог за „изглед на денот“ со нашата најнова, драга соработка, со македонскиот бренд за квалитетна и женствена облека, „Linea“. Stay tuned for more!

Огромна благодарност за мајсторското око на @bisera.popovska, за прекрасните фотографии.

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply