Да видиш човек како мене во одело… Поголема е веројатноста да видиш мечка со тупе. А тоа да не е Трамп, да се разбереме.

Нејсе, имам и такви херојски потфати. Кога човек, како вашиот Ветерничар, од одврзани старки, слим фармерки и маица/спавача ќе влезе во одело со Ајронменовски можности за латентни движења. Секако, пуштање стомак – никс. Дишење, само кога мора.

Кај дамите, полесно?! Уопште. Иванче имаше целодневен распоред на часови – фризура, шминка, нокти… Не ги знам сите фази, се извинувам. Тек па невеста… Тоа е процедура, која може да доведе до себе-повредување ако не си психички јак…

Умрела шалата. Се за лепота. Формалното облекување, само ретки еретици/уметници/лабави луѓе имаат „дозвола” да го ескивираат. Но, тоа не е бланко дозвола. Духот на ивентот си наметнува непишани правила. Махерите успешно ги моделираат според тоа кои се тие. Останатите, се црна дупка во естетиката. Значи – информација, па реакција. Различност по секоја цена, може да испадне трагедија. Во три чина.

Нејсе, формална облека – веќе сме муабетеле. Не е само одело. Не е само тоалета. Има тука варијанти, и под-варијации на тема. Но, главната рамка на сликата завршува со смокинг, темно одело и врска. Лептир, за ултра-формал или ако бара приликата. Долг или коктел фустан, црн или неутрал боја.

Колку досадно, човече. Во продолжение, неколку интересни факти и препорака.

Она што мажите денес го носат, а е основа на формал клоутинг е секако оделото и краватата. Баш ме интересираше чија „измишљотина” се. Излезе, на типче кое е Холивудски стереотип за кралска Англија. Фраерот се викал Beau Brummel, другарче на Џорџ 3ти. Слабокрвно маженце со сина крв, убер богат наследник кој во 19то вековна Англија бил сметан за моден гуру. Пали-гаси лудачина која ја креирала естетиката на дворот. Прикаската натака, е стандард „размазено-детиште” муабет – наследува, прокоцкува, губи, бега од луѓето на кои им должи, живее во сиромаштија, умира во лудница. Како и да е, приказната за оделото настанува од потребата да се врзе официјалноста на воената облека минус воениот дух. Интересно, човекот кој ја измислил вратоврската, секогаш носел шалови.

Битно, нас ни ја сместил…

Вториот „1000 гајле ми е зошто” факт е поврзан со матурските. Јао, ама зошто сите се чичиња и тетки на 18?! Нејсе, посебно женската „пром мода” е врзана за филмот “Gone with the wind”. Викторијанската ера, во која живеел и Brummel се враќа на голема врата со Холивудскава прикаска. Сепак, имајќи предвид дека економијата во 40тите во Америка била утепана од Бога (после кризите), девојките почнале да го следат „очичувањето” на момчињата со фустани во викторијански стил, направени за малку пари. Оваа еволуција денес достигнува убер-кич нивоа. Кејс стади: Америка, Балкан. Мајка Б’лгарија. Кај сакате.

Фајнли, вака сме дотерани за свадба. Ух, тежок сум за свадби. Ама оваа ни беше посебно драга. И&И, среќни форевр! Инче беше прекрасна, секако во бело. Зошто баш бело, знаете?

Пак назад во Викторијанска ера. Кралицата Викторија ја крши традицијата на невести во црвено, со бел свилен фустан. Причини, три – прво, чисто е и едноставно. Второ, користела бела свила, со што ја поддржала британската економија. Трето, фустанот бил мулти-функционален, па делови од него, носела и понатаму. За да покаже дека е економична.

Наравоучение: И белите, свадбени фустани имаат политика во нив. :)

Не би ви се праел паметен што да носите/не носите. Си има експерти за тоа. На крај краева, тоа што ве прави да се чувствувате убаво. Единствен совет од (не)модерен човек како мене е – не си ја мачете душата со неудобни работи. Неудобноста влијае на расположението. Расположението на вашата среќа. А еден шпиц, штикла, пунџа, или убер-тесно Армани/Прада не смеат да бидат причина за „кака-муд”.

Освен ако не знаете да го хендлате тоа… Ние сме среќни, ко што гледате! :)

Значи, ако ви се трпи за лепота, вежбајте по дома :)

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply