И така завршувала сезонската Олимпијада за фотографите на улична мода во Париз! Попозната како „Недела на модата“, време во годината кога „набљудувачиte на луѓето“ скокаат преку обрачи за да ги уловат „најбесните“ комбинации од облека во „Градот на светлината“, земајќи пример од легенди како „Сарториалист“ и Бил Канингем. Но, вистинските тројца татковци на занаетот се одамна заборавени, изгубени во времето кога Париз беше главен град не само на Франција.

“Сестрите Bouée”, 1926

Браќата Séeberger биле толку „опасни“ што најголемите модни куќи какви што биле Ланвин, Шанел и Ермес се препирале за нивните колекции да бидат фотографирани од тројцата волшебници на модната фотографија. Никој немало да погоди дека Џулс, Луис и Хенри имале скромни потекла, биле студенти по уметност до 1903 кога Џулс почнал да фотографира во околината на Монмартр.

Најпосле и неговите браќа се придружиле, како што прават браќата и сестрите. Џулс и Хенри влегле во годишниот натпревар на фотографии во 1904; до 1905 тројцата создале фамилијарно атеље на 33 rue de Charbrol во десеттата административна област во Париз. Нивните фотографии биле како разгледници и патувале низ Франција  за да ја доловат земјата на крајот од еден век.

Фотографиите биле прикажувани со запис кој го означувал местото, името на јавната личност и дизајнерот чија облека ја носеле, како да илустрирале мал моден роман. Сега оваа техника можеме да ја видиме насекаде, од спортски магазини до дневни весници. Браќата Séeberger станале првите модни репортери, сликајќи моменти од вистинскиот живот наместо оние позерски во студио, често работејќи  12-14 саати за да развијат авангарден производ.

 

Yola Letellier, Longchamp Grand Prix, јуни 1926

Chanel фустан, август 1928

Hermes модели, Deauville, август 1939. Безвремено.

  Longchamp, 1938

Scarlet Gresham на трки во Deauville, август 1938.

Носи неверојатна, налик Olympia-Le-Tanne ташна.

Samuel Rochas, Biarritz, септември 1930.

Безгрижен став и ноншалантност.

Г-дин и г-ѓа Paul Dubonnet, Deauville, јули 1929.

Тоа ви се вика „контрола“ врз својата бањарка. :)

По четири години биле откриени од директорот на модното списание La mode Pratique. Барајќи начин да биде во тек со најновите трендови, списанието ги овластило браќата да прават фотографии од џетсетерите кои ќе го прикажуваат нивниот беспрекорен стил на трките во паркот Bois de Boulogne. Браќата ја крстиле нивната нова работа “instantanés de Haute-Mode” или „слики од високата мода“.

Набрзо други списаниа како Femina, Harper’s Bazaar и Vogue сакале да бидат дел од сето тоа. До дваесетите, браќата „скокнувале“ од Кан до Бијариц и Париз документирајќи една по друга елитна забава. Модните куќи за висока мода почнале да праќаат модели за да се измешаат меѓу луѓето на забавите на кои знаеле дека браќата ќе присуствуваат за лукаво да добијат на публицитет за нивните нови колекции.

Сепак, хрониките на браќата Séeberger се многу повеќе од модни. Познати актери, видни бизнисмени, политичари и аристократи од Париз помеѓу војните се овековечени во нивните негативи. Чарли Чаплин, Марлен Дитрих, Џозефин Бекер (со леопард како моден додаток, на сликата погоре) и фамилијата Цитроен, сите минале низ нивните леќи.

Дали е тоа Wallis Simpson? ↑

Во 1923, Холивуд ги најмил браќата за да го документираат Париз, употребувајќи ги нивните фотографии за сценскиот дизајн. Со толку многу работа, добро било што двајцата од синовите на Луис, Жан и Алберт, се приклучиле на тимот и го воделе фамилијарниот бизнис до 1977 година. Денес, многу од уметничките дела на тројцата браќа (60,000 негативи попрецизно) припаѓаат на Националната библиотека на Франција.

Henri Gouin, Deauville, август 1939

Повеќе информации за браќата Séeberger можете да најдете во книгата  Elegance: The Seeberger Brothers and the Birth of Fashion Photography.

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply