Немаме секогаш за што да зборуваме. Но, секогаш имаме што да гледаме. Ги викаат ЛЕД светилките на космосот; екстравагантната светлина на универзумот; патоказот на пра-луѓето. Како сакате. Несвесно, ги игнорираме. А кога ни гори – ги бараме. Стандард „људска” особина. Сепак, импресионира нивната мистериозност. Кои се? Што се? Какви се? А, непознаниците, по дефиниција, секогаш се ултра-привлечни.

Користејќи супер средство за разредување, муабетот за ѕвездите ќе го поделиме во три “facts-only” делови:

 

  • ѕвезди како симбол;
  • ѕвезди како уметност и;
  • ѕвезди како (стилска) порака.

 

Па, колеги, имаме чисто небо вечерва…

…Исто како и луѓето пред еден милениум. Човековата раса секогаш се интересирала за нивната мистика. Додека сè уште немале појма од нивното научно поимање, пра-луѓето ги користеле како симбол за „светлината” на духот, наспроти темнината. Биле битно орудие во битката со невремињата, бурите, лошата среќа или неплодните години. Симболичката номенклатура во форма на пентаграм („петокрака”), историчарите ја „откопале” најрано 3100 години пред Христа, во југо-источните делови на Египет. Еднопотезна петокрака, заедно со останатите хиероглифи. Истовремено, пентаграмот е пронајден и во ископините во Урук, на ваза и на вретено.


Иако науката не може да се согласи околу моментот на првото појавување на петокраката ѕвезда, ниту околу нејзиниот „breakthrough’ како поп-симбол, историјата говори за тесната поврзаност на симболот со грчката филозофија и основите на математиката како наука. Конкретно, Питагорејците ја „убивале” од користење, со што и е даден поширок контекст и значење на универзален симбол. Лукијан, познатиот реторичар од 2 век, пентаграмот го смета и за нивна главна препознатливост. Одредени историчари велат дека, Питагорејците, кои воедно важеле за „специфичен калап луѓе”, го одбрале баш овој симбол бидејќи бил симбол на Hygeia, грчката божица на здравјето.

Нејсе, ѕвездата е симбол на чистина. Добра среќа. Sвездите што паѓаат пак, астролозите ги читале како „напредок во животот”… Хм, а да сонував една?! :)

Велат, зимата е период за набљудување на ѕвездите. Небото е најчисто во декември и јануари. Сепак, за луѓе кои се караат со зимата како комшики на балкон, баш како вашиот Ветерко, и летото е супер тајминг. На времето, тројцата мудреци од Персија, ја следеле Витлеемската ѕвезда. Sвезда ли е? Комета? Метеор ?! Не навлегувам во теми што не ги познавам. Но, следејќи ги ѕвездите во уметноста, се доаѓа до многу интересни сознанија…

…Прво, дека ренесансните сликари, не биле фасцинирани од нив. Дури ни Да Винчи. Имајќи различна перцепција за небото, тие различно ги гледале светлечките тела на небото. Имагинацијата за небото била различна (види Рафаело – денот и ноќта биле „персонализирани” со човекови ликови. Sвездите – аш. ), базирана на магична инспирација. Sвездите биле чиста астролошка магија. Се до 17-тиот век, кога Галилео со својот дневник не докажал дека на небото, не гледаме фантоми, дабоме, ами објекти со физички карактеристики. И сликарите, нормално, ја отвориле тешко-скротливата имагинативна виуга, претставувајќи ги како комети (Murillo), нешто сосем реално (Velazquez). Луѓето почнале да се интересираат за ѕвездите, а реалистите инспирирајќи се од луѓето, несвесно почнале да даваат придонес и кон развојот на науката.

Уметниците не биле имуни на ѕвездената визуелизација. Не биле ниту општествените движења. Политиката. Симболиката се менувала, заедно со општествените турбуленции.

И сето ова е историја. Она што е „up-to-date” и треба да го знаеме, е дека ѕвездата е супер-позитивен симбол. Ок, може некој да скокне со тезата „ама ѕвезда во круг е симбол на ѓавол/подземје”, но би аргументирал дека секој симбол може да си има извитоперено братче/сестричка. Светот има општ недостаток на креација, кој го компензира со ремодулација на позната симболика. Така што, не ми ја пипајте ѕвездата! :)


Sвездата со пет крака денес е еден од најчесто употребуваните симболи. Ја има на повеќе од 70 знамиња. Зрачи со авторитет, на градите на генералите. Префинето си лежи на фенси плажа, во ресорт со пет ѕвезди. Светнува над грбовите на спортските тимови после десет освоени титули во некое натпреварување. Музичарите ги „опеваат” ѕвездите на небото, скоро пропорционално со љубовта. А стилскиот ветер, знае да ги направи и „тренди” принт или дезени на нашата облека.

Знам дека сте независни набљудувачи на трендовските промени, ама факт – ѕвездите се една од најубавите пораки кои вашиот изглед може да ги испрати. Апстрактни, а доволно конкретни. Арт, а доволно реални. Кога носите ѕвезди, ја носите и нивната историја. Со нив можете да цртате и по небото, тогаш кога се скриени. Или да се послужите сами – земете си една, небото нема да се налути.

А да не заборавиме – и Вие самите сте ѕвезда, како и секое живо суштество на планетава. :)

Дури и виртуозниот Mobi еднаш отпеа, „We Are All made of Stars”… speaking of Mobi и „ѕвезди“… Слушам вечерва ви се слуша ‘Stars playlist’?! Секако, смучкавме од нога еден опасен „stardust sprinkled” меш ап ко за вторник навечер. Клик ТУКА!

Spread the love

Leave a Reply