Руки: Немам јас правила за ништо. Така и живееме со Филип. Љубов ни е база, за сè живо и диво, дали станува збор за дете, меѓу нас, за работа, за семејство, за моторот, за цртањето. Без тоа ништо нема. И облека, тие „бош“ комбинации може да изгледаат добро ако ги облечеш со љубов. Тоа ни е на нас водилка дома. Друго ни е сè пропратно. И кеифови, ние си правиме кеифови.

Тие се – фанатични колекционери на чорапи, капи, патики, часовници – ЕСТЕТИ. И на плочи, на наши евергрини на светска музика, на непрактични предмети, чудовишта со својата чудност и нереални суштества а сепак парадоксално и круцијално неопходни за нивниот „опстанок“ – ФАНТАСТИЧНИ. Сè што можете и не можете да си замислите и претставите, сè во едно, едно преку друго, што попрво и повторно назад во зуило и со мнооогу многу рафинираност а пред сè – ЉУБОВ.

Тие се – Широкогради домаќини на идеи, добродетели кои тежнеат да ги згрижат во трособен резерват сите „сакати кадифени срни“, сиропиталиште наменето за сите отфрлени и грди кукли и играчки на светов – ПЛЕМЕНИТИ.

Тие се – Непресушна креативност, во тотален хаос, но кохерентни заедно во безредието и – СВОИ.

И туку ќе ме заиграат! Затоа што тие се: мојата омилена, во катаљон бои – „ИГРАЧКА“. И ме анимираат затоа што се приказна во приказна во приказна, во бескрајна конверзација во тотален хаос апсурдно-логички кохерентни меѓусебно. Да, толку е неверојатно прекрасно, комплексно и живописно, примамливо… сè e во круг, гледате? Во топла, ведра и интелигентна сликовница за Уметност, денес. По малку Божиќна, празнична, тотално во нивен дух, во духот на ова време, во духот на Скопје и духот на Скопје се носи.

Тие се – м м м, ЌЕФОИ!

Spread the love
  • 1
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

One Comment

Leave a Reply