Беретките се апсолутен трејдмарк. Оттаму излегуваат Chanel, Yves Saint Laurent, ако почнеме листата ќе е голема тука се и Anouk Aimée Bardot како носители на истите. Франција е една од водечките земји на модата уште од петнаесетиот век, а веќе во седумнаесетиот, ги забележуваме зачетоците на haute couture.
Немаме сигурни податоци дали фразата „Нека јадат колачи.“ некогаш била изустена, но дека Марија Антоанета и до ден денес останува една од значајните икони за француската мода од рококо-то и почетоците на неокласицизмот.
The Belle époque ја враќа француската доминација во светот на високата мода, се отвораат модните куќи на Jacques Doucet, Jeanne Paquin, Callot Soeurs ( soeurs- во превод сестри, оваа модна куќа била управувана од 4 сестри), списанието Vogue доаѓа во Франција во 1920-тата и пет години подоцна го имаме огромниот пресврт на Коко Шанел.
Во шеесетите години на дваесетиот век, додека во Англија , Битлси ја превземале сцената, младите на Франција заземаат голем удар и критика кон француската висока мода, кои се повеќе се вртеле на поедноставниот изглед и лондонскиот стил. ’66-тата Saint Laurent пробува да ги скрши тие норми со својата prêt-à-porter колекција, зголемувајќи го маркетингот и производството во модната индустрија. Денес, не постои човек кој нема чуено за Paris Fashion Week.
Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply