Француска шансона в уши? –Ахам. Машина за пишување виси на ѕид, висат ненапишани мисли исто така. – „М?“ „Коктел од ракија со арома на ванила и сируп од смоква, Мадам?!“ – „Би сакала да пробам, да.“
Деликатна бразлетна со позлата музицира со кристална чаша – ѕинг! – во винтиџ амбиент, среде високи тавани, веднаш до високите прозори и очекувања.
Контемплативно можеби; но, не и тажно. Сонливо не, сонови за остварување, да. Среде доцна есен, таа зачекори во локалот на само минута-две порано… Веднаш зад шанкот на црна табла со бела креда, изричито отпоздрави пораката на денот:
„Don’t chase anything but drinks and dreams.“
Маркантната дама во индиго капут само се насмевна и продолжи самоуверено кон најсветлото катче, го одбра своето катче.

Одвојте време за себе викендов, дајте си оддишка, изберете го Вашето омилено катче некаде низ Скопје, почастете се со вашиот омилен коктел. Но пред сè, бидете дама. Вашиот ноншалантен стил нека синтетизира доза на префинетост и женственост потсетувајќи на онаа вечна класика.

Панталони на висок струк во цигла боја со неверојатно интелигентен крој и линија, елегантна кошула со раскошни детали, комотен џемпер, погоден за повеќеслојно комбинирање, ретро кафени чизми и очила.
Спојте го убавото со корисното како што тоа го прават Парижанките: „Ретро шик и безвремени парчиња“. Кокетирајте со елеганцијата и лежерноста. Изберете долг капут со машки крој за комплетен изглед.

Нов предлог за „изглед на денот“ во соработка со Max & Co и Pennyblack, совршен за оваа доба, коктелот е по ваш избор во дослух со вашето добро расположение!

Панталони – Max & Co

Кошула – Max & Co

Џемпер – Pennyblack

Каиш – Pennyblack

Бразлетни – Max & Co

Капут – Max & Co

Чизми – Max & Co

Очила – оптика „Елени“ ГТЦ

 

 

 

Spread the love
  • 19
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply