И тогаш таа се појави на вратата: поита возбудено со насмевка низ долгиот транзитен ходник, со њујоршки став но од светски ранг, смели stiletto чевли на зимзелени панталони, нејасна визија, светликав топ, ретро леопард палто, снежно крзно и „уши“ позајмени од Рудолф. Впечатлива, асоцирајќи на самата себе, дотерана во своите тонови… „Santa Baby“! – Влезе „Новата година“. По нашки, пораката и расположението што единствено ние тука би можеле да ги разбереме низ епските мелодии – „Ноќна кралица“… како Маријана и Росана, „Сребрени улици“, „Седеше на шанкот сама негде после 2“, па зошто да не и „Светло се гасне!“

Супер возбудени, полека стапнуваме во новата 2017 и оној микс на необјасниви емоции и сензации, инстант pop-up ненајавени спомени од детството, нашите најдраги, лични реформи и резолуции, идеи, остварувања, што оставаме зад себе, што следува… Влеговме во неколкудневниот предновогодишен бубањ на „Преку ден, цела ноќ, луѓе џган…Забава до бесвест!“ Вие изберете ги новогодишните тракатанци и реквизити. И пијалокот за „Живели!“ Догодина повесели, посреќни, поисполнети… повеќе љубов, повеќе верба во себе, околу Нас.“

На сето хај-хуј кога ќе се смени 00:00 на малите екранчиња, за миг замижете силно и со сето срце, искрено замислете си желба. ;)

*Ова е нашиот смел и возбудлив, “Mix’n Match” предлог outfit како да се носиме деновиве! Овозможено од прекрасните Magnetik Group Скопје, последното годинава, предновогодишно издание на „Ана“ е во внимателно избрани парчиња, сите до едно од неверојатната зимска колекција на MOTIVI во City Mall Скопје.

Особена благодарност до нашите драги пријатели „Magnetik Group“ за поддршката и убавата соработка, што беспрекорно се грижат Скопје „да се носи“ елегантно, префинето и возбудливо!

СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!

П.с. Благодарност и до „Македонска опера и балет“ за навистина ретката прилика „Скопје се носи“ да помине едно претпладне низ кулисите и лавиринтите на МОБ, каде магијата се раѓа, чудесии постануваат реалност од стиропор, „самовили“ и по некој великан „магепсник“, актер, музичар, режисер ќе те размине, рамо до рамо…

 

 

Spread the love
  • 1
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply