“Вака кога ве гледам, ми личите на Швеѓанец Јохан (Оли), Шпанец Гиљермо (Марче) и Енглез (Џо, овај јас)”. Чудно, ние сме „мешанац” или Луѓето од иднината се сите исти – убави?!

 

Драги другарки и другари,

Го пишуваме писмово во тотален зен моуд, благосостојба на духот и ќеф на душата. Во “да се смееш или плачеш” моменти, водени од расположение кое е во тотален дисбаланс, ветуваме дека ќе бидеме едноставни и ќе пробаме да ви пренесеме енергија од иднината. Лесно е, уствари – ние вас елан и мотивација, вие нас одговор на клучното прашање за денес – како да останеш “нормален” после Тomorrowland.

A се почна вака…

На покана на Оли (во продожение, Јохан) и Марче (во продолжение, Гиљермо), Јас(во продолжение, Џо) со две раце, нозе, уши и очи улетав во планот да бидам дел од малата, но компактна македонска експедиција на веројатно најголемиот (по сите параметри) фестивал во Европа – Tomorrowland. Тргнавме како за на плажа, со еден Јохан, воедно специјалист по лоцирање, мапирање, ветеран на фестот; еден Гилермо кој покрај љубовта кон квалитетниот саунд, е тотално отворен за откачена авантура и; еден Џо – во буквална смисла. Табула раса, со капче. Наспроти македонскиот мелос кој подразбира ставање тркалца на куќата и нејзино транспортирање до странска локација, ние за специфичната Белгија тргнавме како да одиме на панцерота во Енрико. Со добра желба, спакувана во еден куфер. Што фалеше, рековме, ќе купиме. Аха.

„На Брисел не би се задржувал”, вели Јохан. Попорочен град во 3 сабајле во Европа, тешко да најдеш. Па тоа е рај на блуд и кралство на екстремен алкохолизам. Парафразирајќи го нашиот македонски водич за пиво, после Четврток, Брисел се храни исклучиво со алкохол. Бре мајката. Али стварно така. Коа ќе мислите дека сте леш, нека ви текне дека еден Бриселчанец, според анализата на теренот, пие ко кола на резерва. Пиво, али пие бре. Саде квасец да се сториш.

Она за што ви пишуваме, пријателчиња, е езотерија. Филмот што ти е возен цела година, кулминира со егзотично тродневно физичко распнување на кладата на електро музиката. Емоционално празнење кое не го полни ни екстерна батерија. Екстаза од љубов, ширена од луѓе од двесте нации. Масонски концепирана презентација на тоа до каде е светот, а колку ние сè уште шлајфуваме во блато.

Дами и господа, добредојдовте во Тајното кралство Мелодиа!

Близу Антверпен, во местото Бум, е сместено кралството кое ја обединува среќата, љубовта и забавата. Егзотичноста. Почитта. Разбирањето. Таму секој ден е празник – во името на Кралот, Мелодијците (или копирајтерски, порнографски осмислената националност “The people of Tomorrow”) секојдневно го слават животот и миговите, кои веројатно ќе бидат врвот на нивната “парти” кариера. Илјадници силни борци, кои добиле шанса да ги откријат богатите шуми на Мелодиа, да ја слушнат мелодијата на малите птици кои прелетуваат преку полињата со вкусни плодови, да го почуствуваат сонцето кое единствено тука ги полни градите со еуфорија, да скротат дел од дивите суштества кои ги запоседнале неоткриените сокаци на Кралството – тоа е Народот. Вашите сограѓани. Баш затоа, Мелодиа е местото каде ќе добиеш осмех за ич, дружба за пиво в’лим, контакт за каучсрфинг во Екваторијална Гвинеја. А кога ваква помиичка од кабаети ќе прашаш, добро бе, а зошто баш тука?

“Веcause it’s Tomorrowland man/mate/bro/amigo/friend!”

…ко кај Запров у хор да пееле цел живот заедно.

“Секој звук започнува со тишина”, рече Гиљермо и погледна накај огнометот, моменти пред да удри ап битот на најновата песна на Avicii, која токму тогаш ја имаше својата светска премиера. А немаше ни 10 навечер. Еден по еден се редат светските ДЈ Бентлиа. Една од помејнстрим фаците на првиот ден, Guetta, се задржа дури две минути подолго на мејнстејџот само за да каже:

“Овој момент, не сакам никогаш да престане!”

А тек ние, калливи волетини во први редови. Се ежиме ко девојчиња на Рајан Гослинг на секој дропбит. Рипаме како тетки пред мажачка на секоја репетиција на еден од трејдмарк зборовите на фестот(“jump!”. Втората трејдмарк фраза е: “Put your hands up. Put your f.ckin’ hands up!”). Се распаѓаме ко шумечи на секој вокалски улаз од познатите траки на техно мастерите. А кога Steve Aoki ја смеша “My heart will go on” од Селин Дион, сите станавме Лео – се фативме за половина и пловевме по мирните води, под благослов на Кралот. Ради поштовање кон Титаник, де.

 

Секое сабајле почнува со весник. Аха, со Мелодиа Тудеј. Македонијава да има една новина од тој тип, од радоС би влегол со индијанска перјаница во Собрание. Уште те „возат”, запознаваат со тајните на Мелодиа и нејзините одаи. Плус, тон практични информации за јадење, пиење, спиење, полнење телефони. Слики од претходната вечер, фотостории од убави луѓе. Дури и термини за шминкање. Е, баш во таа новина, утврдивме дека програмата за вториот ден е дрска – Blasterjaxx, Dillon Francis, Yves, Garrix, Buuren, Vegas & Like Mike, Axwell & Ingrosso. Ова е од кај 6 до 01. Само на главниот стејџ. Генерално, се беше дрско. Кокс има свој Театар, а тоа е као „уџум” стејџ. Бенаци? Стејџ 15 у три на ручек, рецимо. За тука добиваш покана. И ако треба, сам, бачача ќе играш. Престиж е да си тука. Еден од избраните. Како што Аоки бира (и мајку му луда, прецизна рака има!) жртви за “кејкинг”.

После две сибирски бури, нашиот бестрашен самурај и борец за комфор, нашата Лада Нива, нашиот – шатор, преживеа! А ние…паа, така. У солзи. Но, ентузијазам од уши ни протекува. Исто ко на дупнат ауспух – по малце. Остатокот ни го држи адреналинот горе. Nervo, Аngello, Afrojack, Hardwell, Tiesto, , и за крај, секако – домаќините на Тумороуленд – Like Mike, Dimitry Vegas и Steve Aoki под уметнички назив “3 Are Legend”. Во точно две минути до 00:00, триото се повлекува и се појавува девојче кое на виолина ја свири мелодијата  на Мелодиа. (Објаснување: секој што бил среќен и добил можност да купи карта за фестивалот, на домашна адреса добива кутија со алка, писмо од Кралот, и оваа година – чуден клуч со порака “Find the Melodia within”. Пола саат барав. Излезе дека клучот се става во посебен отвор на кутијата, а самата кутија е – музичка. Страшно добро.). Како почнуваат да те возат, така и затвораат. Со еден исклучок – на мегаломанската главна бина, се појави Кралот. Придружуван од гарда составена од луѓе кои ги симболизираат државите присутни на Тумороуленд. Прозорот се затвори. 00:00. Крај. А ние, поштовани читатели, и после 10 дена се наеживме.

 

Као експлнејшн на нашиов муабет, идеме во бројки:

1 – прв фул дигитал кешлес фестивал во Европа. Се што ти е потребно имаш во својот брејслет. Перли, светки, љубов.

2 – градови: Тумороуленд и Дримвил. Првиот е главен град на хартија. Вториот, местото на “отпорот”. Првиот е местото каде магијата добива нова димензија. Вториот, местото каде Луѓето ги извршуваат своите “дневни обврски”. Помеѓу, на патот, се наоѓаат села кои ги поврзуваат овие две упоришта. Во превод, луксузните „приградски” населби на Мелодиа (со “сува” карта од 900 до 1400 евра).

4 – фестивалски денови, вклучувајќи го и Гадерингот во Дримвил.

12 – часовна музичка програма.

13 – саати во Сабота.

18 – стејџа (17 во Тумороуленд, 1 во Дримвил)

20 – различни светски кујни за дегустација.

Сега со повеќе нули:

100 – илјади луѓе на Mејнстејџ по вечер.

200 – земји со свои знамиња присутни на Тумороуленд.

250 – илјади луѓе на фестивалот во еден ден.

300 – проста математика на луѓе кои биле само на главниот стејџ.

500 – горе долу, бројот на ДЈ-и кои се свртеа на фестивалот.

750 – илјади луѓе на цел фестивал.

µ – левел на креација и умешност на превртување на човечкиот ум надвор од секој лимит.

Драги другар(к)и,

Што Мелодиа носи, а Скопје треба да научи да го носи?

Поентата е да научиме да се обединиме. Да ги направиме и онака малите Скопје и Македонија, уште помали. Да научиме да гледаме низ огледалото. Да почнеме да веруваме во магија – бидејќи на крајот од денот, ние, сите изгледаме различно. Но, длабоко во себе – ние сме едно.

Тука веќе не зборуваме само за стил, уникатност, елеганција. Тука муабетот е подлабок. Алтернацијата на нотите, те „тера” да почнеш да го боиш заматениот свет, во бои на хармонија. На простување. Те носи во височините на твоето Кралство. Тајната Мелодиа е пандан на она што ние го носиме во себе, а честопати сме (пре)големи идиоти, па го забораваме. Тумороуленд  го има Кралот, во чие кралство, тој води сметка за музиката на која сакате да скокате, песните што сакате да ги пеете, срцата што сакате да ги допрете. Тој Крал, го носите и во себеси. Тој одредува каков човек сакаш да бидеш. Каков „монументален” лик сакаш да станеш. Наследството што сакаш да го оставиш. Не му го „сечете” јазикот. Има што да каже. И покаже.

На само неколку места во светот, повеќе од 200 националности, доаѓаат „во мир” и со неизмерна почит кон другиот. Бевме, видовме и ви кажуваме.

Летс јунајт. Бива? Оти инаку, не бива.

Срдечно ваши,
Јохан, Гилермо и Џо.

П.С. Слики имавме. Веќе немаме, од тотално оправдани причини. Само нешто, што ексклузивли за Скопје се носи, е закачено тука.

П.С.2. Во земја со температура од минус дванаесет степени, вашиот Ветерничар успеа да изгори. Fun fact, ништо повеќе. :)

Spread the love
  • 18
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply