1. PLAN IN PROGRESS…, (MORE THAN) HALF OF THE WORK IS DONE

Здраво јас сум Стефанија Димеска и сакам да летам.

Во 2017-та година почнав со обука за приватна пилотска лиценца. После 9 теoретски испити и минимум 45 часа летање… еве сум… горда и искусна со неколку авиони кај нас на Стенковец… Цесна 172, Цесна 182, Пајпер арчер, Пајпер ероу.

Интересно нешто за мене е што мојата летачка кариера започна со падобран. 😊 Завршив курс за падобранство, уште пред авионите. Скокав со падобранци и уживав. Уште од тогаш знаев кон што целам и дека падобранството би ми било во прилог кога ќе ги земам лиценците за пилот. Не секогаш бев сто проценти сигурна дека единствениот пат кон кој би чекорела е пилотирањето. Покрај тоа сум посветена и на авиоинженеринг. Многу ме интересира технологија и иако не е задолжително да се има факултет за да зачекориш во светот на авијацијата, јас избрав да бидам факултетски образована личност, па завршив машински факултет… „за не дај Боже” 😊 .

Да, знам кон што целам. Иако оваа кариера е многу интересна, воопшто не е лесна, но решена сум и самоуверена да се здобијам со патничка лиценца, и ќе бидам пилот за комерцијални летови со патници.

2. SELF-MADE WOMAN

Татко ми, и тој пилот, знаеше дека ако ти влезе чивијата нема назад. Уште од мала одев по аеродроми, заедно со него. Една фотографија ми е врежана во сеќавање. На фотографијата сум со сестра ми, таа се гледа дека е видно исплашена додека јас сум насмеана од 6-ка до 6-ка. Секој пат кога ќе ја погледнев фотографијата, си велев , „Јас сакам да бидам како тато”. Татко ми беше првиот противник на почетокот за јас да го следам неговиот сон. (Не кажав дома кога се запишав на падобраноство… прв пат дознаа додека бев во лет 😊). Можеби, бидејќи знаеше колку е макотрпен патот до целта. Дека како девојка, тешко би било да балансирам, фамилија и кариера, и колку жртви бара оваа професија. Многу е битно да најдеш партнер кој навистина, искрено би те разбрал и поддржувал. Потребни се многу компромиси. Без разлика на советите од дома, јас сум спремна на каква било жртва, бидејќи не можам ниту да ја опишам сатисфакцијата кога летам сама. „Јас ова навистина го можам. Jaс сама го летам авионот”. Иако еден од најголемите предизвици ми беше првиот пат кога полетав сама. Тогаш всушност сфаќаш дека ништо не знаеш, но тоа е мој личен предизвик, контролата е само во твои раце и зависиш само од самиот себе и никој друг, сам со својот ум, психа и знаење.

Бидејќи ме прашавте дали имам некој свој личен ритуал пред лет можам да ви го кажам следново…

Јас обично си ги смирувам мислите со добар „research” за рутата каде што треба да летам иии,  самостојна проверка на авионот пред лет. Oва ми е „must do”. И покрај рутинските проверки од персоналот, сама си го проверувам авионот и горивото и како и дали функционираат сите инструменти. Исто така ме смирува кога наизуст си ги повторувам „by the book”, сите процедури, што треба да преземам доколку избие пожар или доколку откаже еден мотор.

Нешто што многу ми е интересно е кога си повторувам на глас при полетување, „Speed alive“, во кокпит. Ова ми влева сигурност и ме смирува, сигурна сум во тоа што го знам, и највеќе си верувам на себе.

3. I SHOULD GO!

Во однос на обуката која сè уште ја посетувам, јас одбрав модуларен курс. Разликата со школо и модуларниов курс е колективниот наспроти индивидуалниот аспект. Во пилотско школо учиш со колеги, си помагаш меѓусебно, си разменуваш искуства и трае околку 2 години… но, јас се одлучив за модуларниот курс на Стенковец бидејки ми требаше 6з

жнекој кој се разбира да ми посвети внимание и да ми каже искрено дали ме бива. Едно е кога имаш желба друго е кога некој што се разбира ќе ти го потврди тоа. Јас не би одела со глава во ѕид. Што поскоро се впуштиш во искуство, тоа поскоро ќе знаеш дали вреди слепо да си го следиш сонот.

Зависи од секоја жена, од секој човек, што е најбитно во животот. Ако жената сака да биде пилотка, ништо и никој не би ја спречил. Спротивно на стереотипите, според мене жените се и би биле супер пилотки. Во поглед на паника, деталност, набљудување, ние како жени многу повеќе внимаваме и добро се справуваме со повеќе нешта одеднаш.

Иако доста од компаниите се стремат да го направат како ново „ин“, сè уште има повеќе мажи пилоти отколку жени. Искрено, не гледам зошто. Ние кои сме со отворен ум, нè гледаат како „црните овци“, но тоа мене не ме спречува гордо да си ја носам таа карактеристика и да продолжам да рушам бариери.

4. I CAN DO IT!

Прва мисла што ми дојде на ум прв пат кога ми го поставија истово прашање за тоа што би издвоила како совет, уште на првото интервју е… ЈАС МОЖАМ!

Психата, иако е многу моќна, истовремено е и фрагилна. Многу е битно да пробуваш, да одиш напред, да не дозволиш да допрат до тебе негативните коментари. Бидејќи кога свесно ќе помислам, комплиментите се доста побројни.  Јас можам, јас сум жена и можам да летам. Во неколку наврати сум се чувствувала несигурно. Сум се прашувала дали да изберам друга кариера… Но, кога ќе се запрашам како се чувствувам кога летам, не се опишува. Многу уникатно и субјективно. Секој пат кога ќе се соочам со неверување за тоа дека сум жена пилот, осеќам „mini victories”, си докажувам себеси и на сите останати, ЈАС МОЖАМ. Јас можам да го работам ова, иако сум жена и без разлика како изгледам.

Првата жена пилот во историјата на нашата држава, Катерина Кајсторовска, ми е главна инспирација, покрај татко ми, се разбира. Таа има завршено факултет, лета Боинг 737, а воедно е и инструктор на Боинг 737. Таа ми е инспирација од женска гледна точка, бидејќи колку и да е захтевна оваа кариера, таа успеала. Ако може и таа, и ЈАС МОЖАМ.

Тетоважава ја направив со една моја најдобра другарка, таа е исто инжeнер и исто ги руши тие некои бариери и стереотипи. Работи на нафтени платформи, а отсекогаш ѝвикаа „Ти си женско, нема да издржиш да работиш ‘offshore’ на платформа“, а она успеа да стигне до таму. И со неа заедно си ја направивме оваа тетоважа. Всушност претставува викиншки симбол со значење –  креирај ја твојата реалност. И на двете ни беше баш уникатно бидејќи и двете сме многу слични, само одиме напред, пробуваме секоја препрека да ја прескокнеме, и создаваме можности, продолжуваме понатаму. Не подлегнуваме под некои влијаниа што би нè турнале долу или уназадиле. Зашто, да бидеме реални, кај нас, и општо на Балканов, луѓето имаат позатворени гледишта. Јас затоа велам, „гледај ја поголемата слика“. Зашто секогаш има две страни од секоја работа. Како се претставуваш и кој всушност си.

5. COMFY IS THE NEW SEXY!

Во однос на мојот стил, сакам да ми е удобно, но и да изгледам убаво, со некој мал детал што ќе дава доем на „edgy girl”. Сeкако дека стилот е дел од тебе, како сакаш на прв поглед да бидеш запаметена, но најбитно од сè е да се чувствуваш свој и комфорно со себе како и со облеката што ја носиш. Јас дома си седам секогаш со тренерки и маица. Косата ми е најчесто фатена, сакам да ми е комотно, и не се срамам бидејќи тоа сум јас во опуштена варијанта.

Зошто баш комбинизон како униформа? Хмм, си одбрав комбинизон за летање од практични причини. На почеток летав со комбинизионите на татко ми (иако ми беа преголеми), но сакав да си имам и свој. Овој комбинизон си го добив на подарок и си го закачив моето име, иако не е во пракса кај пилотите на обука, ми се допаѓаше. Никогаш не се водам според тоа што е „ин“ и секогаш си го носам тоа што ми се допаѓа. Тешко ми е да најдам соодветна униформа, па комбинизони и карго панталони ми се полн погодок. Комбинизонот има многу џепчиња за разни работи. Иако го одбрав од практичен аспект, истовремено си се допаѓам и физички. Секој може да дојде во панталона, нели? 😊 Комбинизонот има момент на елегантност, строгост и префинетост… интелигентен крој, но истовремено делува и многу секси кај девојките кои знаат како да го носат со голема самодоверба.

Самодовербата сама по себе привлекува убавини и убави луѓе.

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply