Освен многуте заминувања на едни од најзначајните музичари во историјата, 2016 ни донесе исто толку прекрасни албуми, од долгоочекуваниот Blonde на Frank Ocean, заблескувањето на Solange со A Seat At The Table, неповторливиот Bowie со Blackstar, па од другата страна на универзумот А Moon Shaped Pool-Radiohead, па Blank Face LP-SchoolboyQ, Untitled Unmastered- Kendrick Lamar, The Colour in Anything, Post Pop Depression и да не должиме, уште мнооогу други. Како и сите, сега со нетрпение ги очекуваме новите звуци кои 2017 ќе ни ги пружи.

The XX- I See You
По петгодишна пауза се случува неочекуван бум и излегува синглот On Hold и најава за нов албум на 13 jануари, добар почеток сега засега.
Сè уште сме 13 jануари и веќе уште еден излегува под име Migration од Bonobo, погледнете го и самиот спот на Kerala, не можете да немате големи очекувања.
Никогаш не можеме да бидеме сигурни што можеме да очекуваме од Damon Albarn и што тој и неговото анимирано друштво ќе ни приредат, но еве има некои маалски, дека новиот албум на Gorillaz е најавен за 2017, верувам дека седумгодишното чекање ќе се исплати на крајот.
Во еден од моите поомилени месеци во годината полека почнуваат да излегуваат Homeshake- Fresh Air, Thievery Corporation- The Temple of I and IClap Your Hands Say Yeah- The Tourist и на последниот ден од февруари се случува Sun Kill Moon- Common As Light And Love Are Red Valleys Of Blood.
Не го знаеме името, ниту датумот, но има мали гласини дека првиот студиски албум на A$AP Rocky наближува.
Chance The Rapper со својот The Colouring Book (mixtape) се искачи во најдобрите 200 албуми според Billboard, а во меѓувреме е најавен уште еден за 2017.
Вонземјанката Bjork од својата куќичка во Исланд ни прати рачноизработена покана за да ни потврди дека како и секогаш ќе не изненади и да ги тргнеме нашите очекувања на страна.
Животот на Пабло е можеби прекрасен, но сега ќе видиме како звучниците ќе ни треперат на Turbo Grafx 16.
Нашиот Hotline Bling заѕвони и ни кажа за More Life.
И покрај волку имиња, како да имате мали очекувања за оваа година?
Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply