Помислуваме на Jackie Onasis, Аudrey Heppburn, Jane Birkin, Françoise Hardy, Charlotte Rampling… стил икони од 60-70тите, вечна инспирација и дефиниција за “минимал chic“, што се провлекува низ тие декади, навидум толку едноставен изглед но, тешко повторлив… висок појас, ѕвонасти ¾ панталони, полна полу-висока потпетица од лакована чевла, женствена силуета…
Префинет “ретро изглед“ и првокласно колаче во совршена атмосфера, еден совршен ден кој може да биде и поинаква реалност, и во Скопје. Сè може, всушност…
Црвена “долчевита“ како црвена црешка на врвот за да го освежи изгледот и да освои погледи… зборот е “effortless”, и, да, животот може да биде “Dolce vitа“ – Едноставен и убав како една црвена ролка.

Инспирирани од “Dolcevita” (прекрасно именувана во италијанскиот јазик – “ролка“), стајлингот што Ана го носи, едно лежерно претпладне во опуштена атмосфера, сосема прилега и во деловни пригоди. Во нашите очи ја краси онаа смела и динамична жена која знае токму што сака, ненаметливо но, со сопствен став, изграден вкус и рафиниран начин на живот.

Ана, од глава до пети, во Max&Co и Liu Jo, еве еден софистициран блиц предлог #outfit на неделата, ексклузивно овозможен од Magnetik Group, Скопје. Благодариме на целиот Magnetik тим за прекрасната “dolce” шанса Скопје да се носи. ;)

Бунда – Max & Co

Ролка – Max & Co

Панталони – Liu Jo

Чевли – Liu Jo

Чанта – Liu Jo

Ракавици – Liu Jo

Сите парчиња можат да се најдат во продавниците “Max&Co“ и “Liu Jo“ во “Ramstore Mall”, Скопје.

 

img_0035-2-w1200

***Фотографиите се направени во ексклузивниот амбиент на ресторанот FOUR. Голема благодарност за срдечната соработка.

Spread the love
  • 35
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply