Спакувајте нè в куфер! Поведете нè на вашиот пат околу светот. Ова е збирка од „разгледници“ посветена на сите „светски патници“ и на сите кои сакате да „залутате ментално другаде“… во некое катче од светот, улица, булевар, метропола, селце, планина, море, пештера; примамливи мотиви, луѓе, кафулиња, ресторани, настани, знаменитости; интернационален mood, пренесен преку будното око на професионални фотографи но и на ентузијасти, фотографии надвор од нашите граници.

Целта е доза на свежа и поинаква естетика, споделете автентична инспирација, покажете ни што гледа и „лови“ вашето око по светот.

Фотографиите ќе бидат објавени на „Скопје се носи“ преку секвенци со фотокредит и (по сопствена преференца) краток опис за нив.

Стартуваме веднаш, ги очекуваме вашите фотографии на skopjesenosi@hotmail.com.

Уште полесно, одиме вирално, постирајте и инспирирајте под таг #patokolusvetot
Стартуваме нова рубрика, новa инспирација. Пат околу светот, hop on board!

Pack us in your case! Take us on your journey through the world! This is a collection of “postcards” dedicated to all “cosmopolitans” and all of you who want to “wander away’”…in some nook of this world, street, boulevard, metropolis, village, mountain, sea, cave; alluring motives, people, cafés, restaurants, events, places of importance, moods, conveyed through the sharp eye of professional photographers and enthusiasts as well, with photos outside our borders. The mission is dosage of fresh and variant aesthetics – share authentic inspiration, show us what your watchful eye sees and captures around the world.

We are starting right away! We expect your photos at skopjesenosi@hotmail.com. To make it easier, we go viral, post and tag your photo with #patokolusvetot.

The photos are going to be published on “Skopje se nosi” in form of a serial with photo credit and (according to your own preference) a short description.

We are starting a new heading, new inspiration. “Globe-trotting”, hop on board!

Spread the love

Leave a Reply