Персонално го доживувам Келн како кутија со различни чоколади. По нешто за сечиј вкус. Горчината се наоѓа во дистанцираните и ладни индивидуи, но е како темно чоколадо, разбиена со насмевка од некој рандом странец- блага нота, пред да се проголта Келн. Млечни чоколади насекаде, скриени во ситните капиларни улички и кафичите. Во уметноста која се наоѓа закачена низ целиот град, низ архитектурата и самиот ритам на градот. Келн претставува музеј каде сечие дело е возвишено. За среќа, душа-парче, квадрат-мир. Тука можеш да се пронајдеш или изгубиш. Зависи од сопствената желба.

Григорија Гулевска

Spread the love
  • 48
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply