Кога? Кога последно сте го почувствувале Скопје со душа и в душа, сте го погледнале ама вистински и љубопитно, искрено како мало дете?

– Разбудете ги сетилата! Присутни, тука, сега… Ваше лево, ваше десно, малку повнатре малку погоре, дворчето, портата, прозорците, сенките во боја и приказната отаде…. имагинацијата, авторски вашата приказна што во истиот миг ќе прелета низ мислите. Допуштете си го тоа себеси, поттикнете ја мислата, креативноста, нека биде едно поинакво бегство од реалноста во реалноста. Секојдневната рута што ја движите, возите, пешачите крие тајни, крие убавини, крие моменти.
Сте слушнале за галерија Acanthus во Скопје? Сте ја забележале? – Лимон жолта старинска порта на “Орце Николов”, кафени ѕидови, црно скалило нагоре кое отвара пред вас прекрасна галерија со високи тавани каде ќе ве дочека претопла атмосфера со парижански призвук… Иии, најдоброто од сè, it’s a Pop-Up store! Можете да си се почастите со лудило дизајнерски парчиња од наши етаблирани дизајнери кои работат за светските Balenciaga, Maison Margiela и Loewe а дизајните ги носат дечките од Arctic Monkeys, па и Jay Z до Frank Ocean.
Посетете ги викендов, нема да зажалите и нема да сакате да си отидете без да се подновите… п.с. Ана се носи во феноменално бело-сино на Risto ;)

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply