Не лажи. Не кради. Не кради, слушна?! 
…Културолошки, некаде и раце се сечат. Некаде, „бинго”  за апашлук е каменување. Капитализмот, ваков или таков,  не познава „тешкашка” категорија на казнување, посебно кога се работи за интелектуална сопственост. Идеите се родени да бидат позајмувани, велат…

„Па, сите позајмуваме, така”?!

„Денес, веќе е сè видено…”

„…Барем еднаш во минатото, така?!”

Чај од „шипки”, некој?!

Да не се лажеме. Мразам интелектуално пљачкање. Сепак, го има и постои. И би се согласил да дебатирам околу истото, само доколку има оправдани причини за чинот на крадење.

Бихејвиористичките теории познаваат категорија на вистинитост. Една применета теорија вели дека – луѓето повеќе веруваат во работи кои можат полесно да ги прочитаат. Слушнат. Видат.

Веројатно е вистина. Некој веќе го нашол најлесниот пат до сознанието. До вистината. До тоа како да свариш кафе без да претече. Да „изблендираш” супа без да те стемни.

Или, да се дотераш без да претераш.

Стилски, веројатно затоа и се краде. Оти нешто поново од четирите екстремитети, (сè уште) не сме измислиле. Па „позајмуваме”, според модерната номенклатура (со ОГРОМЕН анекс, дека и позајмувањето познава свои етички бариери.). Чеп од ваму, чеп од таму…

… И пак, кога на крај ќе се фокусираме на визуелната лингвистика, велиме – сè сме виделе. Вежбајќи слуховна гимнастика, велиме – сè сме чуле. Нови ноти нема, што е исто така, веројатно, точно…

Но, една работа забораваме.

Кога последен пат сте почувствувале дека имате доволно искуство за да не се „зезнете” пак, како завчера?! Вчера, така?!

Мислиме дека знаеме. Значи, мис-ли-ме. Многу лаеме, а појма си немаме.

Затоа и секогаш ќе има нови контексти. Нов контекст низ кој ќе ја гледаме историјата. Нови правила кои ќе ги „кутнат” старите. Нови „деца” кои ќе не учат како треба. Нови искуства, кои ќе не продумаат нас. Нови правила, кои ќе ја променат играта.

Да се вратиме на новите „деца”…

Секое време, си носи свое невреме. А и по сонцето, сонце пак ќе грее. Само различно од вчера. Исто е и со музиката. И со естетиката. И со стилските преобразби. Денешното „модерно”, утре ќе стане „старомодно”. И така, додека не има.
Додека живееле рицари, имало Дулчинеи. Додека освојувале романтичари, имало Изолди.

Додека има сетери, ќе има трендови… Кои да се разбереме, не мора (треба) да ви се допаѓаат.

А првите сетери?
Имало и пред нив. Ал формално – тоа се дворските височества. Кралот и Мадам Кралицата. Верно следени од дворот. Аристократија, која иако била опкружена од (најчесто) смртно гладен попули, креативно успевала да смисли некоја бизарна новост, која ниту ќе нахрани, ниту ќе опраи нешто. Е, во ваква ситуација, и сиромасите сакале да носат златно. И слугинките сакале да имаат сребро. А дворските шутови ја пронаоѓале својата најдлабока глупавост за да ги насмеат престолонаследниците. За што? За златник. Или сребрена пара. Зависи од дворот…

Нивната облека, нивниот живот. Биле посакувани. Од многу земски причини, пред сè, но плебсот (подоцна народот), татнеел по нивната моќ.

Моќ да, со еден „клеп”, донесат одлука. Со дигната рака, збогатат софра. Со плесок, запрат музика. Или со поглед, некому пресудат.

Во моде(ре)н контекст, моќта е формализирана. Заврзана со цврсти ланци, вратовски и налик тракатанци, од кои не можете да избегате…

Хм. Сигурни? :)

Ете, тоа значи „сетер” – Моќ, да се направат промени…

(Продолжува)

 Што треба да имате?

 Dr. Martens Black Male – КУПИ ТУКА

Визуелизација:

 

Фотографија: Даниел Стоимилов

Стилист: Бубе Студио ИН

Моден дизајн: Раде Василев

Благодарност:

 Локација: Brick Bar

Spread the love
  • 1
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply