Royalties pt.2

 

А, видете парадокс: Па, најголемите луѓе биле отфрлени од општеството!

 Секое време има потреба од луѓе кои ќе го водат орото. Така било и ќе биде. Колку добар пример беа „ројалтис” луѓето од престолите, не знам. Но, знам дека едно општество памти…

…ама касно ги препознава…

…сите оние, кои во 5до12, мислат за 13и5. Разбирливо, ќе речете. Па, ние не знаеме што сме правеле вчера или ќе јадеме утре, не па да мислиме далеку. Би рекол – и да, и не. Да, бидејќи „модерната” младина функционира во „нео-номад” фазон – спакувани во кутии, чекајќи некаде да киднат. Да се преселат. Радикални промени… Но, има и „не” –  зошто да си номад, значи да си секаде – а никаде.

Набрзина, неколку заклучоци за полесно следење на дебатата:

  1. Колективитети во ера на индивидуализам – тешко преживуваат. Што не носи до;
  2. Не постои нешто што е модерно. Што е за вас, не мора да е и за мене. И обратно.

Денес, секој си е модерен на свој начин. Сакаш биди номад, сакаш биди домашар.  Сите вие, пливате спроти ветрот. И треба да сте горди на тоа…

Треба да знаете, дека оваа потреба излегла од рушењето на вербата во колективитетите. А тие колективитети, и не биле секогаш така лоши…

…На пример, порано можевме да препознаеме панкер од километар. Четка, спидфаерка, обавезно Мартинс на нозе со „челични прсти”. Кошаркар во почетокот на 20ти век – со старки, кои воедно и биле измислени за таа намена.

Денес, стилски мејнстрим колективитети кои се преживеани се невестински фустани, по некоја струка со униформи, уште нешто што „утињам“… И толку. Сè останато како колективен идентитет е или субкултура, или не постои.


Зошто?

Првата страна на медалот, би ја објаснил теоретски. Во социјалната психологија позната и како фаза на „поистоветување со колективни движења”, денес се поретко ја гледаме. Добро, освен во симплифицирани форми како концерти, натпревари или митинзи. Или во периодот на адолесценција. Трката по индивидуална различност е вжештена и нема никакви правила. Па оставено е на нас, како рационални суштества, да одбереме што ни се допаѓа.

Втората страна на медалот, би ја објаснил пластично. Сум свирел металкор музика со розеви трзалици.  Преседан, за хард-корци. За мене, нормален след на „мешање” на работите. И денес знам да си ги пуштам Avenged Sevenfold, веднаш после новата песна на Fifth Harmony, а пред “Continuum” на John Mayer и “Blue Train” на John Coltrane.


Зошто х2?

Бидејќи денес, колективитетите се на работ на истребување. Новото време, донесе и апокалиптична можност да пркосиш на некои културолошки укотвени норми. Секако, некои мора да се почитуваат. Но, остатокот е оставен на вас. Како се чувствувате. Како чувствувате, дека треба скопски да се износите.

„Проблемот” на пост-модерната лежи во тоа што, таа нагласена индивидуалност, благодарение на комуникацискиве чуда, повторно раѓа трендови. Девојка од Бруклин ја следат 5 милиони луѓе и чекаат што ново, таа ќе исфрли од својот плакар. Манекенка од северен Лондон ќе истетовира лав на прст, а милионски аудиториум букира (полу)успешни тату мајстори за добра копија. Тие се денешните „13и5” луѓе. Кои некогаш и воопшто не се свесни за својата моќ.

Е, тоа значи „тренд” – генерална насока во која нешто се движи, и се менува.

А, кој тоа денес, мисли дека каков било „тренд” може да  „сетира”?!
(Продолжува)

 Што треба да имате?

 

Јакна: Converse Fishtail Antique Sepie – КУПИ ТУКА

Патики: Converse Chucks II Mesh Backed Leather Terra Cotta – КУПИ ТУКА

                 Converse Chucks II  Backed Leather Medium Brown – КУПИ ТУКА

 

Визуелизација:

 

Фотографија: Даниел Стоимилов

Стилист: Бубе Студио ИН

 

 

 

 

 

Spread the love
  • 34
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply