Mоже Жижек, можете и вие… А можете и повеќе! 
[instagram url=https://www.instagram.com/p/BS_r1CYFUji/?taken-by=grabuloski hidecaption=true width=320] Општеството сè уште произведува трендови. Велат, го обликуваат тоа што го правиме. Мислиме. Чиниме.

И општественото уредување е вид тренд, кое се покажало доста „порозно” при воведување промени. Да не зборуваме за оние форми кои не бараат поширока социјална активација за да се сменат.


Да, и уметноста не е отпорна на трендови. Таму веројатно се и естетски најлесно воочливи – бранови свежа, креативна енергија секојдневно го ронат устоениот брег. Тоа се некои нови „деца”, како Pia Camil , Stanaj , Julian Charrière, Sofi de la Torre и ред други… идоли…

…идоли, на своето опкружување.

Е тука, пост-модерната го прави битниот „shift” во креирањето нови трендови. Индивидуализмот на новата генерација, создава микро-трендсетери. Ретки се оние кои на глобално ниво успеваат да наметнат некаква матрица на размислување или делување. А и оние на кои тоа им успева – брзо ги „јаде” притисокот од јавноста.

Живееме во ера на ‘one-hit-wonder’ генерации, според Жижек. Манипулирани  и преплавени од, „quick-hit” рекламни пораки распоредени насекаде, на новите „деца” не им требаат многу аргументи за да го променат своето мислење. Посебно доколку не им оди во интерес, или не можат да го тркалаат по своја воденица. На крајот на краиштата, и претходната одлука ја донеле на база на малку информации. Битно е, баби – нешто да се менува, под А. Под Б,  да се измисли инка за сите информации да ги добиваат додека спијат, бидејќи „немаат време за учење”.

Ништо од ова не е трагично. Важно е сите да се прилагодиме на новата реалност.

Затоа, не очекувајте долготрајни трендови, во која било област. Не пробувајте да сте статични, зашто ќе завршите како Бискит мој кога би го качил на вклучена лента за трчање – залепени за ѕид, облеани во заматени прашалници…

Денес, трендсетери сте сите вие.

Секој нешто „сетира”. Почнувајќи од својот „клауд”,  се до своите нови дигитални патики, на кои можете да го менувате дезенот преку ‘app’ на мобилен. А трендови – не постојат. Бидејќи не постои ниту „генерална” публика. Да, некакви насоки има, само за оние кои важат за „носачи на промени” да ги дочекаат со ножици и туби боја, и ги променат. Некогашниот натпревар на стилови, денес е сведен на борба на индивидуални ставови.

Тоа не е крадење. Не крадете од никого. Не секој знае што се пишувало во 14ти, готвело во 16ти, пеело во 19ти век. Нити па треба. Се ќе биде различно, бидејќи живееме во друго време. Дајте го својот придонес кон општеството. Без разлика дали е прифатен или не. На сите можности кои ги имаме денес, жално е да бидеме следбеници. Зошто би биле, кога имаме прекрасна можност да бидеме (сопствени) водачи ?!

 

Сепак, ако веќе (пре)земате, топло препорачувам да ставите едно розево триаголниче, свртено нагоре. Колку да прави разлика. Тогаш не копирате, туку се инспирирате. А ако веќе сте решиле да „пљачкате”, нека биде со стил. Барем сменете (естетска) нарација. Или боја. Уствари, нека се две бои – лева во една, десна во друга боја. Баш како royalties. :)

Наједноставно – отворете го умот и прочепкајте. Ако ви е тоа тешко, барем прочепкајте низ плакарот. Извадете нешто „архаично”. Појма немам што имате… ама што и да е, сигурно може да се прилагоди на вашите моментални перцепции. Фармерки од пред 5 години. Маица од дипломска. Мартинките од прелани. Старките од лани. Или, на Ана омилените, шешири од баба. И носете ги, ако тие ве направат трендсетер.

Бидејќи:

1. Што и да сетирате, сетирате за себеси….

  1. Само еден човек може и смее да биде „газда” на вашиот микро-космос…… Вие. :)

Што треба да имате?

 

Тренерки: Converse Core Popover Hoodie Nighttime Navy – КУПИ ТУКА

Converse Woven Detail Fleece Jogger – КУПИ ТУКА

 

Патики: Converse John Varvatos Chucks II Oxblood – КУПИ ТУКА

                 Converse John Varvatos Chucks II Almost Black/Turtledove – КУПИ ТУКА

 

Визуелизација:

 

Фотографија: Даниел Стоимилов

Стилист: Бубе Студио ИН

Моден дизајн: Раде Василев

 

Благодарност:

 

Локација: Skopje City Mall Garage, 3rd Floor

 

П.С. Трк до линковите, ем трендовски, ем ќе се сетирате за зимава.  :)

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply