…Како прав македонски копирајтер, рубрикава ќе ја „возиме“ со – англиски наслов. :)

Во договор со Елена и Ана, одлучивме да ви сервираме пар новитети, едниот во форма на битовите кои константно дуваат додека вашите Ветерници се создаваат. Ред без музика на уши, не сум напишал. А кога веќе сум и музички едуциран, зошто да не си поприкажеме и за пар артисти, прво по мој, потоа и по ваш избор.

Песни кои не сте ги знаеле. Спојлер-прикаски. Ривјус. Тука ќе влезе и летната фестивалска шема, која ќе се протега низ цела Европа. А Скопје Се Носи, екслузивно ќе ја тера. Со ветер во гради, као клима на 5ка.

Во кецот „Beat of the Wind”, ќе муабетиме за типче чија кариера му ја завршуваат уште од првиот сингл, ама тој уште „тера”. Раперите го мразат, ама он уште рецитира. Поперите го сметаат за уништувач на делото на Кралот МЈ, ама тој уште го користи неговиот „magic touch” на настапите. Со испадите се уништи, за сега, полека, повторно си ја подига музичката цена.

Дами, не одобрувам. Ама не ме мразете.

Сам се именува како C Breezy. Или маестро Chris Brown.

Роден 89’ година, локална продукција предводена од Тина Дејвис (воедно скаут на Def Jam), го открива на бензинската пумпа на татко му. Од таму, после еден шорт микс-тејп, станува тинејџерска ѕвезда со „Run It” на 15 години, со прв No.1 во 2005. Следат „Kiss Kiss”, „Foreva” итн. Во 2009 ја прави глупоста на животот – Рири му ги фрла клучевите од Ламбо-то, он збеснува и ѝ менува личен опис. Според пар таблоидни новинари, Jay Z (кој тогаш ја пробива Рири преку својата продукција) го „сече” Chris до таа мера, да три години не може да види бел ден на ниеден а-класен медиум. Го судат за семејно насилство.
Големиот камбек му е „F.A.M.E” – албумот за кој добива и Греми во 2011. Следен квалитативен отскок му е, според мене и најдобриот албум досега, “X”. Последно од него, е воедно лиризација на најновата негова глупост/љубов – се.сот со непозната девојка, која после девет месеци на врата му тропнува со – „Royalty”. Со богато досие и дружба со службениците на редот, Brown e напаст, колку што е лекција за вокална зналост.


Како музичар, го почитувам. Има вајб. Во студио, бил манијак. Перфекционист. Без да тормозам многу и навлегувам во детали, ќе го цитирам Brad Wette, кој во својата критика на „Royalty” , покрај финиот „пердаш”, забележува дека иако се забележува сериозната улога на Jackson во градењето на имиџот на Brown, сепак Breezy сè уште не ја напишал својата „Billie Jean” или „Dirty Diana”.

Скроз фер. Може и никогаш нема.

Сепак, вашиот Ветерничар ќе ви предложи плејлиста, на која, и да ја имате пред очи лошотијата со Рири/секси денсовите на Minaj/пцостите, треба да и дадете шанса. Дечково беше добар, и сè уште е.

 

На 20-делната плејлиста, ќе најдете вожња низ неговиот опус, кој доста се разликува низ различни фази. Повеќето сигурно ги знаете. Ама има и џокери – ветувам! :)

ЛИНК ДО: КЛИК ТУКА!

П.С. Првата The Beat of the Wind плејлиста сака да биде дополнувана! Предлози – со задоволство прифаќаме! :)

П.С.2. Омилени артисти? Певајте, и Ветерници ќе ги „чепне” сите. Освен доколку не штетат на уши, нормално! :)

Spread the love
  • 14
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply