„Ја мразам тишината. Ме тера многу да размислувам. Затоа, често е подобро да си во бар. Денес, уживам во звуците на планините, ветрот, и птиците…”

Секоја генерација гради идоли, според своите преференци. Некој ретро „80тих” фраер, едноставно не проаѓа денес. Зошто?! Бидејќи младите се идентификуваат со идолите. Нивниот живот. Нивните проблеми. Денес, на толку електричен печат во музиката, сè што е останато на артистите е да ја вметнат својата радост/тага/болка во својата музика. И да го погодат моментот. Останатото е среќа, и добра дистрибуција.

Нејсе, ова е дете во „стари алишта”, а припадник на новата генерација. И за наша среќа, пред да стане планетарен музички гуру со својата харизма и загасита тенорска боја, го имаме во Скопје, тенкс ту Авалон.

Дечки, he’s not givin in. He is John Newman!

Пејач, текстописец, аранжер, продуцент, рекордер. Има своја линија на алишта. Режисер на повеќето свои видеа.

Дете од Сетл, Јужен Јоркшир. Растен со мајка која уживала во хаус, па од мал почнува да се навлекува на електро-битови. ”Сè што знам, знам од плочите на мајка ми…”, вели Newman. Она што денес е негова карактеристика, стилскиот меш-ап, ја учи во детството – од хаус се префрла на хип-хоп во 2000тите. Дури потоа на Motown, на мајка му омилените. Па на ретро електро. Па на Diana Ross и James Brown. Подоцна учи гитара со Damien Rice  и Ray Lamontagne.

Од малиот Сетл, се сели во Лидс. Работи како бармен, одржувач на згради. Таму го прави своето „прцул” студио – мхм, „студио, за оние кои не виделе студио”, се смее John. Како лик со доста проблеми со законот, музиката му е местото каде може да се сокрие. Единствено таму, не му фали домот.


Зошто дете на новата генерација? Неговиот распоред значајно „згуснува”, кога своите тезги низ Лидс почнува да ги пласира на MySpace. Одеднаш, Лидс сака да го слуша. А тој, продолжува да прави музика…за да еден ден, можеби, некој ја слушне. Во Лидс завршува College of Music, каде музички станува полетен, лесно транскрибирајќи ги своите шарени инспирации во музиката која ја преработува/пушта (дап, и ДЈ бил.). Во овој период, како расте, така и тоне. Сепак, детето од Сетл не се предава.

Следната станица е Лондон. Повторно истите работи, повторно истата пасија. Случајно сум седел во „Old Diary”, каде бил келнер и каде го запознал Piers Agget. Овој човек, го знаете од „извиџење” – еден од основачите на Rudimental.

И така… до 2012, кога се буди во болница во северен Лондон. Отвора очи по операцијата на бениген тумор на мозокот, и на радио ја слуша својата „Feel The Love”, напишана со Agget и останатите ¾ од Rudimental. Број 1 во Англија и уште 7 земји. Дупли-платинум во Австралија. Денс хит на летото.

„Не знам, не знаев што да направам. Само и се пофалив на сестрата…”

Абе дечкиве ќе се one-hit-wonder, сигурно. Мхм, како не. Четири месеци подоцна, истата постава ја вади „Not Giving In”, чартски малку послаба, но авангардна нумера со тогаш-нечуена бит прогресија.

Теренот е подготвен. Како сингл изведувач, го најавува првиот студиски албум „Tribute” со „Love Me Again”. Нема потреба да ви трубам каков масив хит е ова. Албумот добива уште три сингла – „Cheating”, „Losing Sleep” и „Out Of My Head”. Дебитира на Но.1 во Англија. Топ 10 во повеќе од 10 земји низ светот.

Во Скопје доаѓа со „Revolve”, од 2014 година. Првиот сингл „Come And Get It” влегува во Топ5 на Билборд листата. Вториот сингл „Tiring Game”, и не поминува којзнае како. Но во меѓувреме, соработката со Calvin Harris насловена „Blame”, чартски ја завршува работата.

Ова момче има 23 години. И има зошто се смета за уште еден славеј од брит-поп културата. Ја претставува младината, која често меша стилови и е во константна потрага по нов саунд. Го претставува тешкиот живот на средната класа, секаде во Европа. Ја претставува борбата и желбата за живот.

Сето тоа, преку гласот. Кој сеедно дали го сакате или не. Мора да го почитувате.

На втората „Beat of the Wind” плејлиста, ќе ви ја претставиме сетлистата на Newman за скопскиот концерт. Генерално… мора да сте подготвени, зашто на концерт без „солидно познавање на сите песни, не се оди. Секако, мали измени и изненадувања се можни. J
КЛИК ТУКА.

Скопје, носи се на добри настани. Ги има! Слушајте, и шоу сам лав за John Newman! :)

Spread the love
  • 2
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply