Дали и утрово ја почувствувавте понеделничката меланхолија? Како по некоја рутина, станавте нерасположени и одвај чекате денот да заврши? Ако дозволите тоа чувство да ве обземе, постои опасност да ви ја уништи целата седмица.

Имаме идеја како да го совладате насобраното незадоволство. Излезете од рутинското секојдневие и препуштете се на едно поинакво понеделничко утро. Наместо безволно да одберете неколку парчиња облека, дотерајте се! Бидете инспирирани, со повеќе волја, и отсликајте го вашето внатрешно чувство преку вашиот стил. Новата продавница на „Румор“ се наоѓа во јадрото на Дебар маало (погледнете најдолу за точната локација), во близина на „Coffee Factory“, во која секое парче облека е изработено со страст и внимание на најситниот детаљ, при тоа користејќи посебно избрани материјали. Почестете се со необичен фустан составен од двете непогрешливи, модни евергрини – бела кошула и црно здолниште, но додадете „зачин“, како кај мазна темна чоколада со „експлозија“ на финишот со топло чили, рачно плетен џемпер со впечатливи нијанси и лаковани, дамски чевли кои го дополнуваат префинетиот изглед. И совршениот за ова студено време – сив, шик, волнен капут. Додадете го и фактот дека во тек е попуст од 15% на најновата зимска колекција, а од 30-50% на есенската, (а истиот попуст е во тек и во нивната продавница во Охрид која беше база на „Румор“, чија локација е исто така најдолу наведена), па несомнено е сето ова веднаш да ви поттикне насмевка. А попатно, по добар шопинг, угодете си со дневна доза подобрувач на вашето расположение, „декадентно“ добра – чоколада. Девизата е: Chocolate is cheaper than therapy and you don’t need an appointment.

Ова е рецепт кој со сигурност ќе ви помогне да ги прегрнете понеделниците исто онака како што ги прегрнуваме петоците. Treat yourself right!

 

 

Моментите ги улови @iksolokin. Голема благодарност и до чоколатеријата „Chocol’art“ за отстапениот, бајковит простор.

*  За точната локација на „Румор“ во Скопје кликнете тука: https://prnt.sc/lk6jxu

* За точната локација на „Румор“ во Охрид кликнете тука: https://goo.gl/8mr2oa

Spread the love

Leave a Reply