„Градина на орхидеи”… хмм, измешани алегории ми се вртат во глава, но сликиве ме влечат кон оној, морничавиот дел од мојата бујна фантазија.

„Der Orchideengarten” e eдно необично списание кое се појавило во 1919 година во Австрија, кое во текот на својот мал животен век будело не толку слатки чувства и имагинации кај германско-австриското население. Иако постоело само 3 години, оставило голем впечаток, бидејќи се смета за прво надреално-хорор списание во светот и пошироко. Карактеристичните „мрачни” творци на 20-от век како Edgar Allen Poe, H.G. Wells, Voltaire and Dickens си нашле свое место во „Градината од орхидеи”. Основано е само една година по завршувањето на Првата светска војна. Mногу од соработниците служеле во армијата и биле сведоци на ужасите од битката, па ништо чудно што имале потреба од преточување на траумите и стравовите во нешто навидум опипливо, како страниците на списанието.

Сознанието дека еден од главните уредници бил Карл Ханс Стробл, дописник за Првата светска војна, а подоцна член на нацистичката партија, фрла дополнителен мрак врз застрашувачкиот, но истовремено и авангарден вајб на „Der Orchideengarten”.

Но, како и самиот празник Halloween, кој ми е инспирација за доста екстравагантни идеи (не можев да не го обележам дури и оваа година), во оваа приказна има доза на иронија, и забавен апсурд. Интересно е тоа што сите „уметнички дела” во „Дер орхидеингартен“ кои за Ханс Стробл биле божествени, Хитлер ги сметал за дегенерирана уметност. Хaјнрих Клеј бил редовен соработник и илустратор на насловните страници. Тука би ја препознале нишката на забавниот апсурд, оние кои што знаат (доколку постои некој), дека неговата работа страсно ја собирал Волт Дизни. Еден од вонвременските илустратори на детски филмови, има јасни и видливи примеси од влијанието на Клеј.

Heinrich Kley’s Rope Walk

Ben Ali-Gator dancing with Hyacinth Hippo in Disney’s Fantasia

Иако многу луѓе го сметале списанието за непотребно и морничаво, и нацистите ги вброиле делата на Клеј на нивната листа „List of Harmful and Unwanted Writings”, Дизни нашол голема инспирација и чувство на голема благодарност до обожаваниот уметник.

„Without the wonderful drawings of Heinrich Kley, I could not conduct my art school classes for my animators.” – Walt Disney 1964

Слично на ова, јас и Ана сме многу благодарни на еден наш млад артист кој се согласи да ни сподели неколку фотографии од неговата голема колекција.

Погледнете ја уште еднаш првата слика,  на врвот на првата страница… Тоа не е илустрација од „Der Orchideengarten”. Тоа е креација на нашиот артист, кој се води под псевдонимот Haven. Осумнаесетгодишно мистериозно дете кое се занимава со 3Д дизајн, сè уште како хоби… Тој пред себе има само празен, бел дигитален лист, а сите креации, детали се плод на неговата бујна имагинација и талентирана рака.

Се плашам што сè нè очекува во иднина… кога хоби веќе нема да биде збор асоциран со овие вонземски цртежи.

Погледнете ги прекрасните и мистериозни креации и Trick or treat од Haven! 😊

П.С. Најдете го на IG, @Art_of_haven

 

Автор: Александра Манолчева

.

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply